Денес сите мобилни телефони имаат слични дизајни и следат исти правила, но порано не беше така. Од кога почнаа да се појавуваат мобилните телефони, производителите експериментираат со нивниот изглед и со функционалноста. Ова се 5-те најнесреќни решенија кои излегле во продажба.
5. Nokia 7600 (2003)
Петтото место го освои Nokia 7600, кој требаше да изгледа како моден додаток, но функционалноста сосема потфрли и никој не го сакаше. За да свртиш 1 број ти се потребни 2 раце.
4. Motorola FlipOut (2010)
Иако изгледа забавно, но малку постар човек немаше шанси да ракува со него поради минијатурните копчиња на тастатурата.
3. Nokia N-Gage (2003)
Личи на конзола за играње видео игри, но на него ниту можеш да играш ниту да се јавиш некому.
2. Siemens Xelibri 6 (2003)
Изгледа некој сакал да направи мобилен телефон само за жените кој ќе личи како пудра. Грешка!
1. BlackBerry Storm (2008)
Во 2008 никој повеќе не сакаше BlackBerry телефон а згора на тоа компанијата го пушти овој модел кој имаше големи технички проблеми и голем број од купувачите го враќаа барајќи си ги парите назад. Затоа овој телефон се најде на првото место на оваа листа.