Ривалството помеѓу луѓето отсекогаш постоело и ќе постои. Благодарение на него во историјата се случиле некои од најголемите откритија, но и најголемите катастрофи, војните. Секоја страна си има своја приказна и секој има право да го каже своето мислење. Ова се едни од најголемите лични ривалства, а на Вас останува да „пресудите“ кој бил во право.
Никола Тесла и Томас Едисон
Приказните за оваа ривалство продолжуваат и денес. Суштината на расправија била за наизменична струја (Тесла) и директна струја (Едисон), при што секоја страна тврдела дека нивниот метод е поефикасен. Тесла го обвинувал Едисон дека неговите пронајдоци се врз основа на среќа, а не на логика и наука, а пак Едисон дури правел јавни егзекуции на животни за да докаже дека струјата на Тесла е најопасното нешто. Едисон дури јавно убил и слон.
Леонардо да Винчи и Микеланџело
Да Винчи кој бил постар мислел дека Микеланџело бил арогантен почетник кој не покажувал почит кон постарите и искусните. Во меѓувреме, Микеланџело сметал дека Леонардо е „заостанат“ и не е во текот со времето. Ривалството навистина започнало во 1503 година, кога тие биле задолжени да насликаат битки, една наспроти друга, во градското собрание во Фиренца. Градоначалникот на Фиренца им кажал дека тие се главните конкуренти. Според хроничар од Фиренца, кога уметниците дебатирале за Данте, Леонардо барал од Микеланџело да го објасни пасусот за кој дискутирале, тука Микеланџело се налутил и почнал да го исмева Да Винчи поради неговата неспособност да ги заврши своите дела.
Јосиф Сталин и Лав Троцки
Несогласувањето меѓу Јосиф Сталин и Лав Троцки сериозно започна по смртта на Ленин, бидејќи се покренало прашањето „кој ќе биде неговиот наследник“? Многумина во Русија сметале дека Троцки треба да биде следниот лидер, но Сталин со политичка саботажа и маневрирање успеал да го „отстрани“ Лав. Сталин дури го излажал Лав за денот на погребот на Ленин, за да тој не се појави. Исто така го „избришал“ од сите фотографии заедно со уште неколку државни службеници. Троцки бил прогонет од Русија и заминал во Мексико каде што бил убиен во 1940 година од комунистички агент, убиство најверојатно нарачано од Сталин.
Като и Цезар
Времето на Цезар во Сенатот било обележано со закони кои обезбедувале земјиште и богатство на сиромашните, Като се обидел да ги блокира повеќето од овие дејства, бидејќи ги сметал за политички мотивирани и обид да се добие наклонетотст од луѓето. Като зборувал за тоа како Цезар планирал да ја преземе и уништи републиката. Кога Цезар го заробил Като и му понудил помилување, но Като не сакал да го признае Цезар и се самоубил со нож во стомакот.
Арон Бур и Александар Хамилтон
Ривалството имало повеќе афери. Бур го зел местото на Хамилтон во сенатот кое наследно му припаѓало. Оттогаш Хамилтон со помош на влијанието и парите кои што ги имал ги поддржувал сите можни ривали на Бур. Кога Арон се кандидирал за претседател Хамилтон го поддржал Џеферсон, по што Џеферсон и победил. Во 1804 година, Бур бил во трка да стане гувернерот на Њујорк, каде што, уште еднаш, Хамилтон го искористил влијанието што го имал за да го поддржи противникот на Бур. тогаш Бур го предизвикал Хамилтон на дуел и Хамилтон безусловно прифатил. Бур победил а Хамилтон бил мртов, но Хамилтон не дозволил ривалството да заврши тука бидејќи напишал писма кои требало да бидат објавени во случај на негова смрт, а во нив го навредува Бур и го нарекува масивна алатка за двобој.