Дали сакате да читате? Дали сакате да добиете конкретни одговори на вашите прашања? Според советите на луѓето кои прочитале над 1000 книги во животот постојат одредени совети кои вредат „злато“ и се повторуваат како поука во скоро секоја книга без разлика на жанрот. Еден од најбогатите луѓе во светот, орен Бафет еднаш рекол: „Колку повеќе учите, толку повеќе заработувате“.
Според статистичките податоци, скоро сите милионери читаат најмалку 2 книги месечно. Затоа, ако сакате да постигнете нешто повеќе во животот, само треба да започнете да читате и што е најважно, да го примените знаењето во вашиот живот.
1. Помалку цели – повеќе резултати
Пред 99 години, од Чарлс Шваб, индустриски тајкун, бил замолен да даде неколку совети за управувањето со времето. Тој кажал само 1 совет совет, за кој што му биле исплатени повеќе од 400.000 американски долари.
Тој рекол: „Пред да легнете да спиете денес, запишете 6 цели за утре и наведете ги од 1 до 6, во зависност од нивниот приоритет. Следниот ден, започнете ја нивната имплементација, почнувајќи од првиот број и не продолжувајте на следниот сè додека не го завршите она што го започнавте, потоа сторете го истото со вториот, третиот и така натаму до шестиот.“
Самиот Чарлс Шваб рекол дека ова е најкорисната лекција што ја научил во неговиот живот, затоа што: Прво, ве принудува да ги утврдувате приоритетите на задачите, што секогаш води до висока продуктивност. Второ, овој метод ве тера да се фокусирате на една важна задача истовремено.
И, за крај, ова не создава голем притисок врз нашиот мозок, затоа што ние сме ограничени на само 6 задачи, и идеално, подобро е да научиме да поставиме уште помалку цели, кои пак ќе влијаат повеќе на нашиот живот.
2. Почнете веднаш
Пред повеќе од 2 илјади години, Сенека, римски филозоф, рекол: „Да се одложат работите за подоцна е најглупавото губење на време во нашите животи“.
Ворен Бафет – можеби најголемиот инвеститор рекол: „Мислам дека сте луди доколку одите на работа која ја мрзите само затоа што ќе изгледа добро во вашата биографија.“
Повеќето луѓе го завршуваат својот живот без да го направат она за што сонувале. Ова се случува најчесто затоа што тие одложуваат сè за утре, за подоцна, кога имаат повеќе пари, кога ќе пораснат нивните деца, кога ќе најдат добра работа, кога ќе го добијат „ова“, кога ќе го најдат „тоа“ и така натаму.
Целата вистина е дека ова „утре“ на крајот се претвора во години, а потоа и во крајот на животот.
3. Сите промени започнуваат во вашата глава
Во 60-тите години на 20 век, пластичен хирург Максвел Молтц се запрашал: „Зошто некои успеваат буквално да станат нова личност по операцијата, додека други не успеваат да го направат тоа?“
Тој го пронашол одговорот: „Работата е дека начинот на кој се однесуваме, како размислуваме и дејствуваме во никој случај не е поврзано со нашата самодоверба. Сето тоа зависи од тоа што мислиме за себе. Со други зборови, има одредена приказна во главата што ја следиме.“
Користејќи различни експерименти, многу научници докажаа дека не сме родени со оваа приказна, туку ја создаваме во текот на животот. И ова значи дека можеме да ја промениме. Ако не сте сигурни во себе или не сакате нешто во вашата личност, можете едноставно да ја промените оваа приказна во вашата глава. И, всушност, ова не е толку тешко.
Сè што треба да направите е да го напишете вашиот совршен изглед: „Напишете на парче хартија како сакате да дејствувате во одредени ситуации, каква личност сакате да гледате во огледалото секое утро. Потоа, за 30 дена, одвојте барем 3 минути на ден да ги затворите очите и да замислите како се однесувате на нов начин, како што велат, одете, дејствувајте и, конечно, размислувајте така.
На овој начин автоматски ќе почнете да се однесувате така без да се принудувате. Оваа нова приказна веќе ќе стане составен дел од вашата личност.
4. Учете! Читајте!
Вил Смит еднаш рекол: „Без оглед на то со каков проблем се соочувате, најверојатно некој веќе го решил и напишал за тоа во својата книга. Ова значи дека без оглед на тоа која страна од животот сакате да ја подобрите, секогаш можете да ги најдете потребните книги и да научите од луѓе кои веќе постигнале некои резултати во ова. Сè што треба да направите е да ги примените стекнатите знаења во вашиот живот.“
Често слушаме изговори како: „Досадно е!“, „Читам полека …“, „Презафатен сум…“ и слично. Само почнете да читате 10 минути секој ден. Зошто толку малку? Прво, што и да правите, секогаш можете да најдете 10 минути. Второ, научно е докажано дека најтешко е да започнете да правите нешто. Со текот на времето, ќе стане полесно и полесно.
5. Среќата е поблиску отколку што мислите
Во 2014 година, Роџер Федерер – еден од најголемите тенисери, загуби во почетните фази на едно од најголемите натпреварувања. Прилично чудно, беше што тој не стана депресивен, како што повеќето луѓе што би биле на негово место. Тој го прослави ова велејќи дека сега има повеќе слободно време да размисли за тоа и подобро да се подготви за следниот натпревар.
Работата е во тоа што Федерер, како никој друг, разбира дека успехот не секогаш води кон среќа. Напротив, среќата и позитивниот став секогаш водат до нови победи.
Размислете за себе кога сте среќни, вие сте поенергични, пофокусирани, поотпорни на стрес и креативни и списокот продолжува и понатаму.
Научете да размислувате позитивно во секоја ситуација. Со текот на времето, вашето размислување ќе се промени. Колку повеќе се фокусираме на нешто, толку почесто нашиот мозок ќе го забележи тоа.
А кои се најдобрите совети кои што вие ги добивте од книгите?