Понекогаш се смееме на разните теории на заговор и луѓето кои веруваат во нив, се смееме на страшните урбани приказни, но никогаш не се знае кога ќе се сврти тркалото. Тие приказни би можеле да излезат и точни, како што е случајот со следниве пет примери.
Зелениот човек
Во Пенсилванија, САД широко биле распространети легендите за Зелениот човек, исто така познат и како Чарли без лице. Како што раскажува легендата, човек со зелена кожа демен во ноќите бидејќи не сакал да го видат дење. Можете да го замислите ужасот на лицата на луѓето кога дознале дека тоа е вистина.
Неговото име било Рејмонд Робинсон. Кога Робинсон бил дете во 1900-те, бил изобличен кога на него паднала електрична жица на мостот Морадо. Бил толку деформиран, што своите денови ги минувал в куќи за да не ги плаши луѓето. Ноќе излегувал на долги прошети по патот 351. Локалните млади дознале за него и почнале да му даваат пиво и цигари.
Телото на Елмер Меккурди
Елмер Меккурди бил убиен во престрелка со полицијата додека ограбувал воз во 1911 година. Во текот на 1920-те, патувачките циркуси почнале да покажуваат нешто за кое тврделе дека е мумифицираното тело на Меккурди. Во 1976 година телото се нашло во забавен парк на Лонг Бич, кадешто било користено како реквизит. Некој случајно скршил прст на телото, и на големо изненадување на сите, се покажала човечка коска. Канцеларијата за медицинска истрага на Лос Анџелес потврдила дека се работи за телото на ограбувачот.
Кучкарчето од Арканзас
Кучкарчето од Арканзас имало скриено засолниште за кучиња коишто ги измачувал, и некои луѓе верувале дека момчето и само има кучешка крв во него. Но, во реалноста, Џералд Флојд Бетис бил само злоставувач и насилник. Во текот на своето детство и младоста, Бетис ги затворил сопствените родители во соба во нивната куќа, ги хранел само кога тој сакал, исто како да се кучиња. На крајот бил уапсен, па потоа го пуштиле, за на крај да го најдат мртов.
Живото страшило од Стетон Ајленд
Во Стетон Ајленд ги плашеле децата со страшилото наречено Кропси, кој наводно ги намамувал децата во шумата и ги убивал. Во текот на 70-тите и 80-тите исчезнале многу деца од областа, а трагите на крајот ја довеле полицијата до човек по име Андре Ранд, кој работел во детска психијатрија. Ранд бил осуден за киднапирање на две деца, но луѓето веруваат дека бројот на жртвите е поголем.
Украс за Денот на вештерките
Глетката на жена обесена на дрво сама по себе привлекува внимание, но со оглед на тоа дека ова се случило на Денот на вештерките, возрасните и децата целосно ја игнорирале со часови. Четириесет и двегодишна
ена во Фредерика, Делавер, се обесила на дрво. И покрај тоа што ја виделе голем број минувачи, поминале три часа пред да биде повикана полиција. Луѓето подоцна тврделе дека мислеле дека тоа е украс за празникот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.