Не е секогаш интересно да си позната личност. Освен привилегиите и љубовта која ја добиваат познатите личности, тие исто така понекогаш треба да се соочат со проблематични луѓе, кои од некои причини се опседнати со нив, поради „љубов“ или „омраза“.

5. Пантомимичарот кој го демнел Николас Кејџ

 

За време на снимањето на филмот Bringing Out the Dead актерот бил демнат од човек облечен како Француски пантомимичар. Тој го следел, го набљудувал и правел сè што правел и Николас, но како што вели актерот „на многу почуден начин.“ По неколку години човек влегол во домот на Николас додека тој спиел и го гледал додека спие. Човекот бил гол, облечен само во кожна јакна и лижел сладолед.

4. Жената која се обидела да го избричи Хју Џекман

Катерина Турстон била опседната со Хју, но на неа не и се допаѓала неговата брада. Затоа го следела Хју кога тој тргнал во теретана и го пресретнала пред влезот. Таа му рекла: „Ќе ме ожениш, така?“ и потоа го нападнала со електрична машинка за бричење, во која сè уште имало нејзини влакна. Личниот тренер на Хју ја тргнал жената, а кога пристигнала полицијата таа смирено им одговорила: „Мразев што ги има тие бркови“.

3. Шон Пен и Ноќниот демнач

Во 1987 година Шон Пен бил уапсен поради тоа што предизвикал тепачка и поради несоодветно возење. Тој поминал 60 дена во затвор. Кога бил во затворот до него стигнало писмо од Ричард Рамирез, познат како „Ноќниот демнач“, кој убил 13 луѓе. Во него пишувало: „Хеј Шон, остани силен и удри ги пак.“, подолу напишал 666, пентаграм и го нацртал ѓаволот. Штон бил револтиран што еден ваков монструм мисли дека тие двајцата се слични и му напишал писмо во кое стоело: „Се надевам дека гасната комора ќе те стигне пред да те стигне разумот. Нема похуман начин за да се извлечеш“.

2. Обожавателот кој ја убил Ребека Шефер

Во 1989 година, 21-годишната ѕвезда во хит-шоуто Мојата сестра Сем, Ребека Шефер се сочила со нејзиниот демнач, кој имал олтар со нејзини фотографии и ја прател со години. Шизофреничарот Роберт Бардо се разочарал кога таа имала љубовна сцена во еден нејзин филм. Тој пристигнал пред нејзиниот дом со пиштол во хартиена кеса и ја застрелал пред таа да се обиде да ја затвори вратата. Кога полицијата го прашала зошто ја убил, тој одговорил: „Имам опсесија со недостапните. Морам да го отстранам тоа што не можам да го постигнам.“

1. Претседателот на Фан Клубот кој ја уби Селена

Јоланда Салдивар била претседател на Фан Клубот за Селена и нејзиниот дом го претворила во „светилиште“ посветено на Селена. Но за разлика од останатите демначи Селена ја познавала Јоланда. Таа дури и обезбедила да раководи со нејзиниот бутик за облека. но, кога Селена дознала дела Јоланда украла пари од бутикот, ја отпуштила. Јоланда за да го добие нејзиното внимание првин лажела дека ја силувале, а кога се дознала лагата Селена повторно ја отфрлила. Јоланда ја застрелала Селена, а кога пристигнала полицијата таа самата се обидувала да си го одземе животот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено