Кој бил Џек Мевосек, што се случило со бродот Мери Селест, дали науката и пркоси на религијата со Торинското платно? Ова се само неколку од најголемите мистерии од историјата.

1. Мери Селест


Што се случило со екипажот на овој трговски американски брод, Мери Селест? Ова е најголемата нерешена поморска мистерија. Бродот е пронајден 400 милји источно од Азорските Острови, на 5 декември 1872 година, од страна на друг трговски брод. Капетанот на другиот брод изјавил дека Мери Селест била пронајдена во „целосно влажен хаос“, личните работи на екипажот и робата биле сеуште на бродот, а недостасувал чамецот за спасување. Немало трага од капетанот Бенџамин Спунер Бригс, неговата сопруга и нивната мала ќерка или некој од седумте искусни членови на екипажот. Имало повеќе обиди од многу автори, како што е Артур Конан Дојл за да се објасни оваа мистерија, но ниту еден не можел да даде поконкретен и логичен одговор.

2. Џек Мевосек


Вистинскиот идентитет на овој монструозен убиец и понатаму е мистерија. Повеќе од еден век од грозоморните сериски убиства во источен Лондон во 1888 година, сеуште кружат теории за тоа кој може да биде Џек Мевосек. Според еден детектив кој вели дека земал ДНК од шал од една од 5те жртви и го идентификувал полскиот емигрант Арон Космински, кој бил еден од главните осомничени, кој исто така бил нарекуван „Убиецот Вајтчепел.“

Патриша Корнвел и Расел Едвардс прават се за да го најдат виновникот. Според некои од нивните теории Џек е пореметен хирург, кој ја убил својата сопруга за да заштити член на кралското семејство. Професорот Вилијам Рубинштајн ја опишува оваа приказна како „чисти глупости од почетокот до крајот.“

3. „Летачките чинии“ на Кенет Арнолд


Идејата за НЛО се раѓа кога приватен пилот Кенет Арнолд ќе забележи чуден летечки објект во близина на Каскада Планините во Вашингтон, во попладневните часови на 24 јуни 1947 година. Арнолд опишал дека видел објект во облик на лилјак, кој се движел како чинија која отскокнува од водена површина. Тогаш по весниците излегол и насловот „летечки чинии“. Две недели откако Арнолд ја дал својата изјава воздухопловните сили на САД потврдиле дека остатоци од “летечки диск” биле извлечени од ранч, во близина на Росвел, Ново Мексико. Оттогаш кружат многу контроверзии за тоа што всушност видел Арнолд.

4. Стапките на ѓаволот


Рано наутро на 9 февруари 1855 година, луѓето во градовите низ јужниот дел на Девон се разбудиле со чудна мистерија. Во права линија од 65 километри имало чудни стапки во снегот од животно со копита. Некои велеле дека се работи за кенгури, јазовци и глувци, но суеверните луѓе веруваат дека оваа е дело на ѓаволот. Сеуште не може да се објасни како некое животно би можело да оди во толку права линија 65 километри.

5. Торинско платно


Ова парче платно се чува во катедралата на Свети Јован Крстител во Торино, северна Италија и е едно од најистражуваните објекти во историјата на човештвото, но сепак неговата тајна не е откриена. За оваа света реликвија се смета од страна на многу христијани дека е платното во кое е погребан Исус од Назарет. На него се гледа отпечаток на лице на човек кој претрпел повреди конзистентни со распнувањето, но научниците не можат да најдат решение како е создадено. Според одредени тестирања со јаглерод во 1988 година се верува дека платното потекнува од средниот век и е лажно, но сепак сеуште постои дебата дали тие истражувања се точни и за што всушност се работи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено