Математиката е една од најважните науки. Ниту една пресметка не може да се направи без математика, што значи дека не би ги измислиле компјутерите без неа и никогаш не би патувале во вселената. Но, оваа точна наука може да биде многу фасцинантна, згора на тоа, совршено ви овозможува да го тренирате мозокот и, следствено, да го зачувате своето здравје.
Ви подготвивме 5 задачи кои може да ги решава целото семејство.
1. Кој број треба да стои на местото на прашалникот?
2. Обидете се да погодите кои броеви треба да бидат на местото на прашалниците.
3. На остров се наоѓаат 3 светилници. 1-от светилник, свети 1 секунда, а потоа се гаси на исто толку. 2-риот и 3-тиот го завршуваат истиот циклус, но по 2 и 3 секунди соодветно. Сите светилници во еден ист момент ќе се изгасат. После колку време сите светилници ќе се запалат во исто време?
4. Јован нацртал на лист со квадратчиња правоаголник со повеќе од 1 ред квадратчиња, а потоа ги обоил квадратчињата во средниот ред. Колку квадратчиња останале необоени, ако правоаголникот се состои од вкупно 20 квадратчиња?
5. Мајката им дала на Сашо и Маша бонбони. Сашо ѝ дал на Маша половина од своите бонбони, а потоа Маша му дала половина од нејзините бонбони. Колку бонбони му дала мајката на Сашо доколку тој сега има 17 бонбони, а Маша има 9.
За да не ја расипеме забавата и дискусијата околу точните одговори, решенијата ги објавивме само на Андроид апликацијата на Мотика.
1 2