Лекарите се најчесто луѓето на кои сите им веруваме. Но, за жал некои од најозогласените убијци во историјата биле лекари или медицински сестри.
5. Артур Ворен
Артур ворен влегол во љубовна врска со богата наследничка,Клара Пек, со цел да може да ги користи нејзините пари. Кога стапиле во брак Артур, кој работел како стоматолог, продолжил со неговите многубројни афери. Но, станал алчен и сакал да ги добие сите пари. Тој во 1916 година ја поканил мајката на Клара, Хана во нивниот дом на гости. Неколку часа по пристигнувањето на жената и се слошило и по неколку дена починала. По неколку месеци на гости пристигнал и таткото на Клара кој исто така починал под мистериозни околности. Тогаш братот на Клара добил анонимно писмо во кое пишувало „Постои сомнеж за криминално дело. Направете аутопсија“. Тој веднаш се упатил во Њујорк и откако аутопсијата била спроведена било откриено труење со арсен и хлороформ, а стоматологот бил уапсен. Тој признал дека се оќенил со Клара за парите и планирал да ја убие и неа.
4. Убиство по пошта
При крајот на 19-тиот век Џозефин Барнаби била една од најбогатите жени во Провиденс, Род Ајленд. Таа своето наследство го доверила на „верниот“ лекар Томас Тачер. Но, Томас западнал во долгови и не можел да чека жената да почине од природна смрт. Затоа смислил план да ја убие. Тој знаел дека таа многу сака виски и во него ставил арсен. Потоа го спакувал и го пратил по пошта, потпишано како од анонимен додворувач. Тој дури замолил случаен минувач од железничката станица по име Жосеф Бреслинг да се потпише на пратката за да не го откријат неговиот ракопис. Џозефин и нејзиниот пријател се напиле и двајцата починале. Но, за време на судењето Жосеф дознал за случајот и сведочел против Томас. Томас бил осуден, но се самоубил во својата ќелија.
3. Лекари преку ден крадци преку ноќ
Др. Леви Вејл, успешен лекар од Лондон, во 18-тиот век направил „банда“ од Евреи од Германија и Австрија и тие заедно ограбувале домови на богати луѓе. Во една прилика тие извршиле и убиство на двајца фармери, Џон слоу и Вилијам Стоун. Бандата успеала да се извлече, но тогаш нивен човек ги пријавил во полиција во замена за имунитет и награда. Јавноста била шокирана кога дознала дека водачот на бандата бил уважен член во општеството. Др.Леви бил обесен.
2. Убиец од високата класа
Д-р Роберт Џорџ Клименс бил член на Кралскиот колеџ за хирурзи во неговиот роден град Белфаст. Затоа, кога неговата жена (и богата наследничка) Еми Барнет Клементс починала ненадејно во 1947 година, многу луѓе го сметале тоа за трагедија. Други, пак, забележале дека е четврта сопруга на Климент која починала под сомнителни околности. Починатите сопруги имале неколку заеднички работи: Сите биле богати, наследството го оставале на сопругот и биле кремирани веднаш по починувањето. На полицијата и било сомнително и затоа решиле да направат аутопсија на четвртата сопруга. Аутопсијата покажала дека била отруена со морфиум. Роберт сепак не влегол во судницата затоа што се самоубил во неговата лабораторија.
1. Џек Мевосек
Д-р Томас Нил Крим првенствено се памети денес за неговите врски со Џек Мевосек. Луѓето кои веруваат дека тие двајца се истата личност укажуваат на тоа дека и двајцата имале медицинска обука, насочувањето кон проститутки и неговото наводно признание. Пред да биде обесен, рекол: „Јас сум Џек. . .“ Но и да не Мевосек, Томас имал сопствен крвав поход низ Канада, САД и Англија. Тој вршел нелегални абортуси врз проститутки и кога за тоа дознала неговата вереница тој ја убил. Тој исто така го убил и Даниел Стот кој бил негов пациент. Томас го сторил тоа затоа што сопругата на Даниел била негова љубовница. Кога се вратил во Лондон од „забава“ отрул 4 проститутки. Тој бил откриен така што додека му правел тура на полицаец од САД му ги објаснил убиствата со премногу детали кои не биле откриени пред јавноста.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.