Штипјаните се познати во регионот и малку пошироко по својата економичност, па затоа и вицовите се на тема штипска штедливост. Се разбира, нема потреба да нагласуваме дека има голем број исклучоци. Значи ако си од Штип и ако не прифаќаш шеги на своја сметка, овие вицови не се однесуваат на тебе.
– – – – – – –
Штипска домаќинка го испратила мажот на покривот на куќата да ја намести антената. Мажот се лизнал и паднал од покривот. Летајќи крај прозорецот викнал:
– Женооо, готви за едееен!
– – – – – – –
На штипска свадба секој си лепи пари на своето чело.
– – – – – – –
Еден штипјанец оди кај комшијата и го прашува:
– Комши имам голем проблем. Ми дојдоа 15 гости, а имам само 10 стола. Ти имаш ли 5 слободни стола?
– Да.
– Супер, значи ќе ти ги испратам тие петте души.
– – – – – – –
После ноќната смена, единствената стриптизерка во Штип си нашла во гаќите половина килограм железни пари.
– – – – – – –
Некаде во Штип:
– Ајде сине, дувни ги свеќичките и замисли си една желба.
Детенцето:
– Следниот роденден сакам торта…