8-ми март. Дечкото ѝ подарува на девојката цвеќе и ѝ вели:
– Душо, кажи ми ги двата збора кои ќе не поврзат засекогаш.
– Трудна сум!
– – – – – – –
Се враќа жената дома од работа и вели:
– Драги, денес е 8 март и сакам да водиме љубов како во филмовите.
И овој кога ја почнал… Однапред, од позади, вибратори, камшици, 2 саати душата и ја извадил…
Жената лежи и си мисли:
– Дааа, различни филмови гледаме ние со тебе! Ама ако…
– – – – – – –
– Драга, ти зедов нешто за празникот.
– Вистина? Што ми зеде душо?
– 500 денари од паричникот, немаше повеќе…
– – – – – – –
Точно на празникот 8 март, излезе од печат, долго очекуваната книга, насочена кон немажените дами, со наслов:
„Како да си фатам прекрасен принц и што да правам после со тоа говедо?“
Ова е еден произволен цитат, од горе нведената книга:
„Секоја жена мечтае да дојде до принцот на белиот коњ, за да ја земе и да ја однесе некаде далеку. После одредено време, за истото нешто започнува да мечтае и мажот ѝ.
– – – – – – –
– Душо, ми купи ли подарок за 8-ми март?
– Се разбира срце.
– А ќе ми се допадне ли?
– Ако не ти се допадне, ќе ми го дадеш мене, одамна ми треба таква бормаашина.