За многу од нас, филмовите се важен дел од нашите животи. Се пронаоѓаме во нив, нѐ засмејуваат, нѐ расплачуваат и ни нудат бегство од сите перипетии на секојдневниот живот. Филмовите исто така поставуваат и одговараат на длабоки прашања и обработуваат теми кои вреди да се истражат. Еве пет комедии кои носат изненадувачки моќни пораки за животот.

1. Дон Џон (Don Jon)

fm02

Филмот Дон Џон од 2013 година е деби на сценаристот и режисер Џосеф Гордон-Левит. Приказната се врти околу типичен маж од Њу Џерси чиишто главни приоритети во животот се неговото семејство, пријатели, верата, неговото тело и легнување на што е можно повеќе жени. На површината ова не изгледа како некој филм кој би можел да понуди некое длабоко значење, особено кога на тоа ќе ја додадете неговата зависност од порнографија, но филмот всушност ефективно проникнува во несаканите странични ефекти кои ги носи редовната изложеност на порно; ефекти како десензивитација, нереални очекувања и неспособноста за поврзување со некого на подлабоко ниво.

Искуствата низ кои минува главниот лик се неверојатно смешни, но во исто време и разбирливи, и на гледачите им нудат можност да размислат дали редовно да се изложуваат на нешто.

2. Г-н Судбина (Mr. Destiny)

fm03

Оваа филмска класика од 1990 година се врти околу Лари Баруз, несреќен и неостварен ожеет човек на кој му е дадена можноста да види во која насока би тргнал неговиот живот ако само едно нешто се случило поинаку. Филмот е комичен и лесен, но нуди доста материјал за размислување кој се врти околу каењето како тема. Слично како пораката која ја носи старата поговорка “Тревата секогаш е позелена на другата страна“, филмот ни покажува како нашиот ум секогаш копнее по нешто друго, наместо да се стреми кон подобрување на сегашната реалност.

Употребувајќи го концептот за повеќекратни временски линии и мистериозен духовен водич, игран од страна на Мајкл Кејн, Г-н Судбина е многу повеќе од обична комедија. Нѐ потсетува повеќе да си го цениот нашиот живот таков каков што е и да избереме да ја живееме сегашноста, наместо да се измачуваме со каење и жалење по минатото.

3. Речи да (Yes Man)

fm04

Прикажувајќи го урнебесниот Џим Кери заедно со Зои Дешанел, „Секогаш кажи да“ ја следи приказната за депресивен разведен човек кој наоѓа нов живот на семинар на кој налетува сосема случајно. Семинарот го воведува во концептот на велење на „да“ на животот, сосема спротивното од тоа што го прави ликот кој го игра Џим Кери, како и многумина од нас во текот на нашето секојдневие. Иако резултатите на моменти се апсурдни и нереалистични, сепак ова служи како потсетник и поттикнувач да излеземе за момент од нашите удобни зони и кој ни покажува дека имаме поголема контрола врз нашата реалност отколку што си мислиме.

4. Клик (Click)

fmo5

Филмот „Клик“ од 2006 година во кој главната улога ја толкува Адам Сендлер ја следи приказната за човек кој открива универзално далечинско кое му дава моќ да паузира и премотува напред и назад низ неговиот живот. Тоа што започнува како комична авантура на крајот завршува навистина трогателно и длабоко ја допира темата за тоа колку лесно се прелажуваме да не ги цениме малите секојдневни нешта во нашиот живот. Филмот исто така ни посочува колкав дел од животот го минуваме живеејќи автоматски, а треба да го зграпчиме секој можен миг кој ни е подарен и да го споделиме со луѓето кои ги сакаме.

5. Површниот Хал (Shallow Hal)

fm06

Овој филм од 2001 година ја раскажува приказната за Хал, стереотипичен, површен маж во неговите триесетти на кој, благодарение на Ентони Робинс, му е дадена можноста да ја види внатрешната убавина на жените, а не само нивниот надворешен изглед. Со оваа нова способност, Хал наскоро ќе се заинтересира за жени кои просечниот површен маж не би ги ни погледнал. Комедијата испорачува моќна порака за значајноста на внатрешната убавина и потсетува колку нашите умови се програмирани да бидат површни, плитки и полни со предрасуди.

Сподели на Facebook
пати видено