И покрај тоа што бил потценет за време на неговиот живот, историјата сѐ повеќе ја осознава и вреднува генијалноста на големиот научник Никола Тесла. Иако денес се знае за поголем дел од неговите пронајдоци, се раскажува за некои негови контроверзни изуми кои се изгубиле со текот на времето. Овие пронајдоци можеле да го променат светот.
1. Зракот на смртта
Најпознатиот од т.н. изгубени изуми на Тесла е „Зракот на смртта“. Во 1930-те Тесла тврдел дека изумил машина која може да истрела фокусирани енергетски зраци кои можат да уништат сѐ на растојание од 300 километри. Покрај тоа, тој уред наводно можел да создаде и „енергетски ѕид“ како заштита од надоаѓачките објекти. Иако машината никогаш не била создадена, тоа не ги запрело ривалите на Тесла да се обидат да го украдат неговиот дизајн. Конечната конфигурација на зракот на смртта бил изгубен, и тоа веројатно е добро.
2. Осцилатор
Во 1898 година, Тесла создал мал осцилирачки уред кој решил да го закачи на ѕид во својата канцеларија. Кога го вклучил, осцилаторот за малку не ја срушил целата зграда. Откако го исклучил, Тесла го уништил уредот и нацртите кои ги употребил за да го создаде. На својот персонал му наредил на никого да не кажат за вистинската причина за неговите стравувања.
3. Систем за бесплатен електрицитет
На почетокот на минатиот век, Тесла добил средства од Џ. П. Морган да изгради огромна кула-предавател на Лонг Ајленд. Идејата на Морган била кулата да може да праќа бежични пораки низ целиот свет. Но, Тесла планирал да ја употреби кулата за бежично пренесување на бесплатна електрична енергија насекаде низ светот. Штом Морган дознал за плановите на Тесла, го запрел проектот. Бесплатниот електрицитет сериозно можел да наштети на неговиот профит.
4. Летачка чинија
Во 1911 година било соопштено дека Тесла работи на создавањето на летачка чинија. Еве како тој го опишал својот проект во еден весник: „Мојата летачка машина нема да има ни крилја ни пропелери. Би можеле да ја видите на земјата и никогаш да не претпоставите дека тоа машина за летање. А сепак ќе може да се движи во воздухот во било кој правец со совршена безбедност, без оглед на временските услови и воздушните струи. Таа може подолго време да стои апсолутно неподвижна во воздухот, дури и на ветер. Нејзината моќ за кревање нема да зависи од такви деликатни механизми какви што мора да применува птицата, туку од позитивно механичко дејство.“ Ова звучи неверојатно слично на НЛО, зар не?
5. Подобрени воздухоплови
Во тоа време, кога патувањето во воздух било само далечен сон, Тесла предложил употреба на електрични воздухоплови високо во Земјината атмосфера како средство за пренесување на луѓе преку Атлантскиот океан. Тој предлагал овие воздухоплови да ја добиваат својата енергија од сонцето и атмосферата.