Петгодишно момче со деменција, кое ги заборави родителите, сега може повторно да ги препознае по пионерска медицинска процедура на вградување чип во главата.
На Харли Бонд од Шефилд му беше дијагностициран синдром Санфилипо – редок вид деменција во детството што предизвикува трајно оштетување на мозокот – кога имал само три години. Неговите родители Вејн Бонд (47) и Ема Сидал (38) беа скршени од тага кога Харли ја изгуби можноста да ги препознае и престана да ги нарекува „мама“ и „тато“.
И покрај редовното развивање на малото момче во првите неколку месеци од животот, Вејн и Ема почнаа да се грижат кога неговиот говор почна да се влошува кога тој наполнил 3 години и постојано фаќал настинки и инфекции.
Родителите биле премногу тажни кога во 2016 ја добиле официјалната дијагноза дека Харли има синдром Санфилипо тип Б, особено кога неговите симптоми почнале да се влошуваат. Ема, негувателка со полно работно време, ги опиша месеците кога Харли не можел да ги препознае како „уништувачки“.
Младото момче наскоро изгубило можност да знае што е безбедно за јадење и се обидувало да јаде растенија, грмушки и карпи, што довело до тоа неговото семејство да мора да се грижи за него како да е бебе. Тој исто така развил апнеја на спиење, што значи дека престанувал да дише на моменти во текот на целата ноќ.
Но, откако се запишал на ново клиничко испитување во болницата Ормонд Стрит, Лондон, говорот и способноста на Харли почнале да се подобруваат, а петгодишникот можел да ги препознае своите родители повторно. Процесто вклучувал вградување чип во главата на Харли што испушта мали количини на ензимот што му недостасува на телото, алфа-Н-ацетилглукозаминидаза, директно во мозокот.
Лекарите во болницата го средат напредокот и состојбата и го контролираат уредот. Во меѓувреме, Вејн и Ема се воодушевени од третманот и се чини дека престанала да се влошува состојбата на Харли.
Иако неговите родители велат дека Харли сè уште има неколку лоши денови, Ема вели дека им била дадена „малку надеж за иднината“. Таа додаде: „Сфаќаме дека нема да го излечиме, но може да ни дадат уште неколку драгоцени години со нашиот храбар син“.