5-годишниот Ахмед Саед Рахман кога имал само 8 месеци се нашол во вкрстен оган помеѓу авганистанските војници и талибанците. Тогаш настрадала неговата нога и морала да биде ампутирана. Момчето, од покраината Логар првата протеза ја добил кога имал 1 година, а ова е неговата 4-та протеза.
Веселото момче реши по тој повод да танцува во болницата во Кабул, каде што ја добил новата протеза. Позитивноста на момчето освои многу срца.