5-годишно момче го спасило живото на неговите родители и неговата сестра откако истрчало неколку улици за да стигне до куќата на неговиот очув. Детето било босоного и на очувот му рекло дека неговите родители се мртви.
Очувот Кенет Куреј веднаш отишол до куќата на момчето. Таму неговите родители биле онесвестени, а најмалото 3-месечно бебе било врзано за седиште за автомобил внатре во собата.
Куреј вели: „Се гордеам со момчето, многу сум горд. Но сепак ова е вистинска трагедија.“
Тој веднаш повикал полиција и брза помош и двајцата нарко-зависници биле вратени во живот. Полицаецот Маршал го пофалил момчето и рекол дека е вистински херој. Тој изјавил: „Луеѓето кои што го прават ова не се повредуваат само себе, туку и нивните семејства и деца. Овие деца може да завршат многу лошо, а тие не го заслужуваат тоа.“
Родителите Ли и Џонсон кои се донесувале дека не направиле ништо лошо, се приведени и осудени за консумирање на хероин и загрозување на животот на децата. Децата сега се сместени кај нивни блиски роднини.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!