Едно петгодишно девојче чудесно преживеа пад од над 30 метри од 11-тиот кат на хотелот, откако месечарејќи излегла од својата соба, се качила и паднала од балконот. Снимките од раните утрински часови кои можете да ги видите најдоле, го прикажуваат девојчето именувано само како А, облечена во портокалова маица и сини шорцеви, како излегува од нејзината соба на дванаесеттиот кат, додека таткото спиел.
Девојчето пристигнало со нејзиниот татко, Деха Скуплум, кој дошол на прослава со поранешните соученици од средно училиште во хотелот D Varee Jomtien во Тајланд.
Таа се обидувала да се врати во својата соба, но кога сфатила дека сите врати се затворени, се спуштила на 11-тиот кат и за последен пат пробала да влезе во соба. Потоа се обидела да се спушти надолу преку балконот и паднала долу на земјата.
Персоналот ја слушнал вревата и излегле надвор каде што го нашле онесвестеното девојче. Таа веднаш била однесена во болница во Бангкок во брза помош. Нејзиниот татко, кој е полициски службеник веднаш бил известен од персоналот.
Девојчето било сериозно повредено со скршена нога и рака и било префрлено во друга болница, придружувано од нејзиниот татко. Деха вели дека неговата ќерка никогаш не се однесувала така и дека се работи за месечарење, додека полицијата не може да го потврди тоа.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!