Летачки магацини, роботски рецепционери паметни тоалети … дали таквите иновации звучат како научна фантастика или дел од можна реалност? Технологијата се развива со толку брзо темпо што, во блиска иднина, нашиот свет може да личи на оној прикажан во футуристичките филмови, како „Блејд Ранер“, со интелигентни роботи и технологии насекаде околу нас.
5. Летачки магацини и автомобили кои возат сами
Автомобилите со автопилоти секој ден се развиваат и напредуваат. Иако и тие можат да направат грешка, тие можеби се побезбедни од луѓето. Ваквите автомобили во кои ќе можете да влезете и само да си доберете дестинација, не само што би ја зголемиле безбедноста туку би ги намалиле и гужвите на патиштата. Исто така повеќе ќе се почитува законската рамка. Амазон неодамна поднесе барање за патент за летачки магацини кои што ќе се селат онаму каде што побарувачката е зголемена. Доставувањето би се вршело со помош на дронови.
4. Роботи за нега
Роботите би биле идеални за работа на рецепција, во одредена установа, како на пример дом за стари лица. Тие со помош на програмите за препознавање на лице и глас би можеле да комуницираат со посетителите за да ги прашаат кого би сакале да посетат и да проверат дали имаат дозвола за тоа. По потврдувањето роботите би можеле да ги одведат посетителите до личноста која сакаат да ја посетат. Вештачката интелигенција уште треба да напредува но секој ден има нови иновации. Софтверот на Фејсбук „DeepFace“ може да спои лица со точност од 97.25 %.
3. ВИ лекари
Како би се чувствувале кога би добиле дијагноза од вештачка интелигенција? Една приватна компанија наречена Babylon Health веќе работи на пробен тест со пет лондонски општини во кои се охрабрува консултација со робот за не-итни повици. Вештачката интелигенција била обучена така што и биле дадени огромни количини на податоци за пациентите, со цел да може да ги советува пациентите кои што ќе се јават дали да одат во одделот за итни случаи во болница, да посетат аптека или да останат дома. Исто така наскоро би можеле да се појават и „паметни тоалети“ во болниците кои ќе можат директно да спроведат основни тестови на урината и изметот.
2. Виртуелни секретарки
Иако секретарките играат голема улога во светот на бизнисот, голем дел од нивниот работен ден е консумиран од работи кои би можеле да се извршат автоматски. Размислете за организирање на „едноставен“ состанок – морате да ги пронајдете вистинските луѓе да учествуваат (најверојатно во бизнис границите), а потоа да идентификувате кога тие се достапни. Тоа и не е некој подвиг. Улогата на виртуелните асистенти може да оди подалеку од закажување состаноци и организирање на дневните активности на луѓето. Тие би можеле да им помогнат на раководителите на проекти да го соберат вистинскиот тим и да ги распределат на вистинските задачи, така што секоја работа ќе се спроведува ефикасно.
1. Паметни домови
Голем дел од секојдневните предмети од домаќинството можат да се поврзат на интернет и да обезбедат податоци. Но, паметните технологии во нашите домови, не се уште доволно паметни. Освен тоа што имате паметен телевизор, светло, ситем за топлина и врата на далечинско управување, науката сака уште да ги „научи“ нашите домови. Паметните домови би биле поврзани преку интернет и секој елемент од домот, како што е машината за веш и фрижидерот би биле поврзани преку еден систем. Единствениот проблем кој треба внимателно да се реши е безбедноста.