Изграден на остров среде езеро, главниот град на Ацтеките израснал во мегаград кој ги зашеметил европските дојденци кога го нашле. Теночтитлан бил основан во 1325 година кога, според легендата, градот Мексика добил визија на орел како јаде змија на врв на еден кактус. Тие верувале дека ова е знак од боговите стигнале на местото кадешто е судено да се изгради големиот град. Еве пет факти за ацтешкиот мегалополис.

tn

1. Ацтешко чудо

И покрај тоа што бил изграден на мал, каллив остров во езерото Текскоко, Мексико, бил изграден огромен комплекс на храмови, богати пазари и софистицарана инфраструктура. Во врвот на својот подем, Тенучтитлан бил дом на четвртина милион луѓе, правејќи го еден од најголемите градови во светот во тоа време.

2. Растечки град

Островот кадешто бил изграден Теночтитлан се покажал како премал за потребите на густо населениот метрополис, па така Ацтеките морале да го прошират. Забивајќи колци во дното на езерото, поврзувајќи ги со трска, за на крајот сето тоа да го посипат со земја и камења, создале почва врз која можеле да продолжат да градат.

3. Храм на пропаста

60-метарскиот врховен храм на Теночтитлан бил посветен на богод Тлалок, бог на дождот и плодноста, и Хуитзилопочтли, богот на војната. Тоа било место кадешто биле направени илјадници жртвувања на луѓе. Во текот на четвородневната церемонија на свечено отварање на храмот во 1487 година, на 4000 воени заробеници им биле извадени срцата (додека сѐ уште били живи) во чест на храмот.

4. Воден начин на живот

Градот бил испреплетен со мрежа од канали, слично на Венеција, па така главното средство за превоз било кануто. Теночтитлан бил поврзан со брегот преку три огромни насипи, коишто биле клучни за трговијата. Најголемиот бил долг 12.8 километри и широк 20 метри. Мостовите долж секој од насипите овозможувале да минуваат кануа, и можеле да бидат кренати како ефикасна заштитна мерка во случај на напад.

5. Пристигнувањето на Кортез

Кога Хернан Кортез и неговите луѓе пристигнале пред Теночтитлан, биле пречекани од владетелот Монтезума 2, кој се надевал да избегне војна. Кортез бил вџашен од големината и подреденоста на градот. Сепак, напнатоста помеѓу двете страни се зголемила, и Кортез, заедно со 500 луѓе и сојузници од други средноамерикански племиња извршиле опсада врз градот. По десет седмици, Теночтитлан паднал, а неговите жители претрпеле ужасен глад и епидемија на сипаници. Кортез целосно го уништил градот, и изградил нов град за шпанските колонисти. Тој град е денешниот Мексико Сити.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено