Лесно е да се каже дека никогаш не постоеле џинови и дека древните луѓе создале митови за наводни суштества со неверојатни пропорции. Но, очигледно сѐ не е само мит. Во оваа статија ќе имате можност да прочитате за три фасцинантни ОГРОМНИ стапки кои, како што тврдат многумина, докажуваат дека во древното минато навистина постоеле џинови.

st01

Интересно е тоа што во речиси сите стари пишани извори откриваме дека во минатото џиновите чекореле по земјата заедно со луѓето. Ако ги погледнеме старите легенди од Јужна и Северна Америка, Европа и Азија, ќе дознаеме дека сите тие култури во својата традиција спомнуваат џинови. Но, во некои стари текстови не само што се спомнуваат џинови, туку и се тврди дека тие навистина постоеле. Секој на вакво нешто би кажал: „Добро, ако навистина постоеле џинови…покажи ми некакви докази за тоа!“

st02

Па, можеби докази има насекаде околу нас. Имено, насекаде низ планетата, низ Азија, Америка, Африка, можат да се најдат „стапки“ врежани во карпа што посочува на суштества со натприродна големина. Приказни за џинови можат да се сретнат во старогрчката традиција, во норвешката, германската, индиската, како и во традициите на Маите, Ацтеките и Инките, но најважно од сѐ е тоа што се спомнуваат во речиси сите големи свети книги, како индиската Рамајана, па дури и ви Библијата. Многумина се повикуваат на 2000 години старата книга наречена „Книга за Џиновите“ како на најсилниот доказ дека овие суштества навистина постоеле. Пред педесеттина години научниците се заинтересирале за оваа фасцинантна книга која детално ги опишува Нефилимите и како овие суштества биле уништени. Притоа, вреди да се истакне дека зборот „Нефилим“ сѐ уште не е точно протолкуван. Низ текот на годините научниците предложувале најразлични етимологии, меѓу кои: „Паднатите“, „Отпадници“, па дури и „оние кои предизвикуваат пад на другите“. Но, без оглед на името и неговото значење, енигматските Нефилими долго време биле сметани за џиновски суштества кои во далечното минато ја населувале нашата планета.

„Книгата за џиновите“ била најдена речиси пред половина век во Кумранските пештери , каде што експертите нашле илјадници древни ракописи кои нудат бесценети детали за човечкото минато. Но, џинови се спомнуваат и во Библијата.

„Во тие денови имаше џинови на земјата; а исто така и потоа, кога синовите Божји се измешаа со ќерките на луѓето и изродија деца со нив кои потоа станаа моќни и славни, славните луѓе од старото време“ – Битие 6:4.

st03

Значи, покрај „стапките“, имаме и древни текстови кои сведочат за постоењето на џинови во минатото. Но, не сите се убедени дека овие древни текстови се доказ за тоа. Всушност, многумина веруваат дека се работи само за митови создадени од нашите предци. Но, ако тие се само мит…од каде тие ОГРОМНИ стапки во различни краишта од светот?

st04

Неодомна, додека група фотографи ја истражувале областа околу едно кинеско село, налетале на сензационално откритие. Тие откриле и фотографирале стапка оставена од огромно суштество. Во споредба со стапалото на човек, оваа стапка вдлабната во карпата е речиси двојно поголема. Понатаму, во Јужна Африка, во близина на границата со Свазиленд во провинцијата Мпумаланга, била откриена уште една таква вдлабнатина, 1,2 метри долга стапка вдлабната во гранит. Локалните жители ја нарекуваат „Стапката на Голијат“, или „Божјата стапка“. Тие овој регион го сметаат како место на љубов, мир и исцеление, и дека стапката служи на Божјата моќ. Како оваа стапка се нашла во гранитот е уште една мистерија. Ликалните шамани раскажуваат дека стапката останала зад суштество кое трчало по земјиште прекриено со топла вулканска пепел.

st05

И во западниот свет постојат вакви претпоставки. Статија објавена во списанието Странд од 1895 година, препечатена во „Трагите на старите вери во Ирска“ од В. Г. Вуд-Мартин спомнува за фосилизиран џин најден за време на рударски ископувања во областа Антрим, Ирска. Покрај тоа, почнаа да се појавуваат фотографии со уште вакви стапки од разни краишта на светот. Дали се веродостојни, или се само уште една измама со цел да се привлечат туристи, останува да видиме.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено