Постојат неколку места во светот кои не се достапни за јавноста. Посетата не е дозволена и тоа од оправдани причини. Овие места се доста привлечни за туристи и авантуристи, но речиси е невозможно да се стигне до нив.

Еве што се крие зад овие 5 тајни локации:

ФЕМА Центарот за итни операции на американската влада, сместен на планина во Вирџинија

Федерална агенција за управување со итни случаи претставува засолниште на американската влада, сместено под планина. Има за цел да се користи како прибежиште на цивилни и воени претставници во случај на катастрофа или вонредна состојба.  Објектот е заштитен со посебни безбедносни системи и пристапот е дозволен само под услови предвидени со посебни регулации.

 

Свалбард, Глобална гробница на семиња, Норвешка

На планина на островот Спитсберген, во длабочина од 120 метри е изграден тунел кој оддржува константна температура од -18° С. Влажноста на воздухот е сведена на минимум, а микроклимата е регулирана преку автоматизиран систем. Овој објект е изграден со цел да се заштити природниот свет во случај на непредвидена катаклизма. Огромни контејнери со семиња се чуваат како земјодеско наследство од сите земји во светот.

 

Долината на реката Јавари, Бразил

Овие природни резервати се дом за околу 14 домородни племиња кои никогаш немале допир со надворешниот свет. Сместени длабоко во џунглите на Амазон, на површина од 77.000 квадратни километри, овие племиња единствено што знаат е да се занимаваат со земјоделство.  Оваа област е недостапна за јавноста со цел да се зачува нивната безбедност и нивниот начин на живот.

 

Клуб 33, Њу Орлеанс

Овој клуб бил отворен во 1967 година од страна на Волт Дизни, со цел на едно место да се собираат познати инвеститори и истакнати јавни личности и политичари. Не само што не можете да бидете поканети во овој клуб, туку многу потешко и да дојдете до неговата локација. За оние кои се љубопитни, можат да влезат само ако платат 10.450 Долари за физички лица или 27.500 Долари за правни лица, но само да бидат ставени на листа за чекање, а времето на чекање може да трае и цели 14 години. Постојаните членови плаќаат суми од 3000 до 6000 Долари годишно само да го обноват нивното членство.

 

Магнетниот остров Ес Ведра, Шпанија

Овој карпест остров е еден во групата Балеарски острови на брегот на Шпанија. Се смета дека е трет по изложеност на геомагнетна сила на Земјата. Првиот и вториот се во групата острови во близина на Бермудскиот триаголник. Овој остров настанал од вулкански карпи. Шпанската влада го затворила овој остров за пристап, откако почнале да кружат гласини за мистериозни исчезнувања и легенди. За љубопитните кои би сакале да го истражат овој остров, можат да го направат тоа само пловејќи од страна.  Со предупредување дека може да се случи стрелките на компасот да се вртат во различни насоки, поради високата изложеност на геомагнетна сила.

Сподели на Facebook
пати видено