Животните никогаш не престануваат да изненадуваат, и секогаш е убаво кога ќе се научи нешто повеќе за нив, бидејќи на тој начин стануваме посвесни за природата, како и за нашето место во неа. Со цел да ви овозможиме да научите нешто повеќе, ви претставуваме пет факти за животните коишто можеби не сте ги знаеле.
1. На секој еден човек има по милион мравки
Овие мали суштества кои се по шеќерот дури многу повеќе и од вас главно се сосема безопасни и не се толку страшни како пајаците и лебарките. Но, кој би помислил дека вкупната тежина на сите мравки на планетата е еднаква на вкупната тежина на сите луѓе? Уште поинтересно е тоа што мравките воопшто не го промениле својот начин на живот – тие сѐ уште функционираат преку основање на колонии во кои го носат пленот за да го споделат со роднините.
2. Делфините спијат со половина исклучен мозок
Делфините не спијат како нас луѓето, со целосно исклучен мозок. Секој пат кога делфинот ќе вдиши воздух, тој мора да мисли на тоа. Тоа значи дека ако престанат да бидат свесни за себе додека спијат, тие ќе умрат.
3. Козите имаат правоаголни зеници
Дали некогаш сте се запрашале зошто козите брзо ќе избегаат ако дури и од далеку видат дека некој им приоѓа? Тоа е затоа што тие имаат правоаголни зеници, што им овозможува во исто време да гледаат во тревата, како и да внимаваат на потенцијалните грабливци.
4. Стаорците без вода издржуваат подолго од камилите
Стаорецот кенгур има способност да скита низ пустина речиси целосно без вода. Неговите бубрези произведуваат концентрирана урина, која, за разлика од човечката, губи многу помалку вода, помалку дури и од камилата.
5. Само колибрито може да лета наназад
Сте знаеле ли дека малите колибри можат да ги ротираат своите крилја во круг не само да летаат нанапред, туку исто така и странично и наназад и можат да лебдат било каде. Вистинско НЛО во животинскиот свет.