Помеѓу 1972 и 1995 година ЦИА и други владини организации од САД вршеле неколку истраги за паранормалното со помош од „видовити“ луѓе. Откако завршил овој проект започнат е нов проект наречен Фарсајт, кој е активен и денес. Меѓутоа, со декласификацијата на Старгејт беа откриени навистина бизарни информации.
5. Истражување на Марс
Во 1984 година „набљудувач во далечина“ (како што биле нарекувани од ЦИА) Џои Мекмонигл бил пратен на „мисија“. Агентите на едно ливче напишале место кое Џои треба да го посети и ливчето го свиткале и го ставиле во неговиот преден џеб без тој да види што пишува на него. Човекот опишал планета која што само што доживеала катаклизма, а во неговата визија имало и огромна пирамида висока 20 километри направена од некој чуден метал. Тој исто така видел и огромни „лимени“ луѓе кои тврделе дека се древна раса која ќе исчезне доколку оние кои заминале да бараат друга планета не се вратат. На ливчето пишувало дека треба да ја опише планетата Марс 1 милион години п.н.е. Во 1976 година леталото Викинг 1 направило фотографија од „лицето на Марс“ и една мистериозна планина која личи на џиновска пирамида.
4. Психокинеза со Иго Сван
Иго Сван исто така бил дел од проектот на ЦИА. Во февруари 1976 година, ЦИА го однела Сван во нивниот Медицински Центар за да видат дали тој може да влијае, психокинетички врз резултатите дадени од генератор на случајни броеви. Според извештајот, експериментот бил успешен.
3. Експериментално истражување на планетата Јупитер
Во 1973 година Иго Сван и неговиот „видовит колега“ Харолд Шерман требале да одат на „мисија“ на Јупитер. Тие двајцата биле физички оддалечени едни од други илајдници километри, но искуството кое што го доживеале на Јупитер било скоро идентично. Двајцата мажи дале детални информации за Јупитер и опишале работи кои што тогаш уште не биле фотографирани на планетата. И двајцата правилно ја идентификувале Големата Црвена дамка и големиот темен облак кој се протега зад неа. Сван проценил дека површината лежи на околу 193.000 километри под облаците. Самите облаци имале многу слоеви.
2. Навахо ѓердан
Жена која во документите е позната само како Субјект 052 добила задача според добиени координати со помош на своите скособности да каже што е скриено таму и детално да го опише. Станувало збор за сребрен Навахо ѓердан. Субјектот 052 опишал детална сцена, во која што на некој начин таа била присутна: „Непознато потекло, изгледа како нешто странско, изработен од занаетчија кој бил левак и работел напорно и правел само вакви златни или сребрени ѓердани.“
1. Луѓе на Титан и вонземјани во Алјаска
Во ноември 1986 година, повторно анонимна жена била задолжена да ја „разгледа“ површината на природниот сателит на Сатурн, Титан. Таа тврдела дека на Титан имало база во која работеле суштества кои биле прилично слични со луѓето. Исто така забележала двајца млади мажи кои работеле во контролната просторија и биле набљудувани од атрактивна жена. Втората сесија која што ја имала жената била поврзана со Земјата. Таа тврдела дека видела два „ентитети“ кои работат пред некоја непозната структура. Внатре имало машини слични на човечките. Жената била најмногу изненадена кога еден од вонземјаните можел да ја види и ја поканил внатре за да ја разгледа технологијата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.