Церемонијата се одржува во античкиот храм во Шри Ахаппан во Бавитрим Велалапати, далечно село кое се наоѓа на границата на Тиручи и Намакалските области на Тамил Наду. Волонтерките наречени „баратели на спасение“, доброволно се пријавиле да бидат камшикувани, затоа што некои од нив веруваат дека се опседнати од лоши духови, а други пак веруваат дека ритуалот лекува болести.

Свештениците облечени во традиционална облека потоа вршат камшикување користејќи камшици и парчиња дрво. Жените и тинејџерките клекнуваат една до друга во долг ред и чекаат да бидат камшикувани од свештениците за време на фестивалот наречен Виџадашами, кој се слави еднаш годишно.

Една од жените, 60-годишната Чели изјавила: „Еден камшик може да ги излекува од болест, болка и други зла.“ Додека пак 14 годишно девојче кажало дека има нередовна менструација и верува дека камшиците ќе ѝ помогнат да го реши тој проблем.

Во друг случај жена која неодамна се омажила дошла да биде камшикувана затоа што смета дека со себе во новиот дом однела лоши духови.

Кога го прашале свештеникот дали овој ритуал е кривично дело, тој одговорил: „Верата ги носи луѓето тука. Доколку никој не дојде да биде камшикуван ние нема да одиме до нивните домови и да ги примораме да дојдат.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено