Несебичната мајка решила да биде сурогат мајка, односно да го носи бебето на својот сопствен син, откако нему и на неговата сопруга им било кажано дека е премногу опасно да имаат уште едно бебе. Мишел Харнден, 47, која веќе и самата е мајка на девет деца, им ја направила таа неверојатна понуда на нејзиниот 27-годишен син Ден и неговата 25-годишна сопруга Каја Кајпер, откако на г-ѓа Кајпер ѝ било кажано дека е крајно непрепорачливо да носи уште едно дете.
Двојката од Австралија била оставена со скрешни срца кога нивната ќеркичка Раја починала на возраст од пет месеци, откако се родила предвреме, тежејќи 620 грама.
„Како мајка на девет деца, никогаш не си замислував како изгледа тоа да не можеш да имаш деца“ вели Харнден. „Нив им требаше некој за сурогат мајка и јас кажав – а зошто не јас?“
Харнден немала никакви проблеми за време на нејзините минати бремености и горда мајка на девет, и баба на три деца.