Клер Басби, од Мејденхед, Беркшир, доживеала сериозна повреда на нејзиниот ‘рбет кога паднала од двојниот диван, додека менувала позиција, за време на секс со нејзиниот тогашен љубовник Џон Маршал.

46-годишната жена тврдела дека креветот бил во „дефектна состојба“ за време на нејзината несреќа и повела правна постапка против компанијата Berkshire Bed Company, која тргувала како Beds Are Uzzz.

Но, одбивајќи го нејзиниот случај, судијата Бери Котер открил дека креветот не е „дефектен“ и дека падот на г-ѓа Басби е „трагична несреќа“. Тој рекол дека несреќата „бара нај несреќна и невообичаена комбинација на позиционирање на креветот и движење за кое не верува дека би било предвидливо од страна на разумен човек пред инцидентот“.

Таа изјавила пред судот дека клечела на средината на креветот додека вршела сексуален чин и решила да смени позиција така што ги „свртела нозете од под неа“ и сакала да се врати на креветот со главата кон долниот крај, по што била „катапултирана“ од кеветот и удрила со главата. Клер тврдела дека диваните не биле добро прицврстени еден за друг и дека недостасувале две ногарки.

Љубовникот Маршал се развел од неговата сопруга Су, со која бил во брак 20 години, само неколку дена пред да се случи несреќата со Клер. Но, тој тврди дека немал афера со Клер, туку дека се запознале по разводот. Моментално Маршал е во брак со друга жена.

Поранешнит сопруг на Клер, 51-годишниот Нил Булмер рекол за поранешната сопруга дека е „опседната со пари“ и го довел во прашање нејзиното барање за надомест. „Клер беше луда за секс кога бевме заедно, но не ми се верува дека се обидува да го обвини креветот.“

Сподели на Facebook
пати видено