Алета Омеара од Нов Јужен Велс, отишла на лекар затоа што чувствувала болки во стомакот. Таа сметала дека тоа и се случува поради операцијата што ја имала пред 5 месеци со која отстранила вишок кожа и маснотии од нејзиниот абдомен. Откако и била направена анализа на крв лекарите сфатиле дека Алета е бремена, а по направениот ултразвук јасно било дека таа ќе се породи истата вечер.

„Бевме исплашени затоа што не знаевме дали бебето ќе биде здраво, мојот сопруг беше на терапија со апчиња кои што можат да предизвикаат несакани последици по плодноста,“ вели Алета.  Исто така Алета имала вградено имплант во нејзината рака, поради кој би било скоро невозможно да забремени.

Таа пред 5 месеци имала операција на отстранување на вишокот на масти од абдоменот поради тоа што изгубила многу тежина одеднаш. По операцијата таа чувствувала грчеви но мислела дека сетоа тоа и се случува поради хируршкиот зафат. Кога го посетила лекарот кој ја оперирал на шега му кажала дека чувствува како да има „вонземјани во стомакот“.

„Некој ќе каже како е множно да не знаеш. Но се случува и многу други работи, операцијата за маскираше целата бременост,“ вели Алета.

Алета имала проблеми за време на операцијата но никој тогаш не знаел дека се работи за бременост. Нејзината 13-годишна ќерка Џасета, ја убедила да оди на лекар кога почнала да чувствува вртоглавица пред породувањето.

Бебето Тоби е родено сосема здраво и без компликации. Тој сега е среќно и весело 22 месечно бебе кое што според неговата мајка, не им дава да земат воздух. Алета живее заедно со нејзината ќерка, сопруг и двете деца на сопругот од претходниот брак и вели дека сите се среќни поради пристигнувањето на Тоби и заеднички се грижат за него.

Сподели на Facebook
пати видено