42-годишната Британка Лиза Грејс во неколку наврати нашла вредни откритија со помош на нејзиниот детектор за метал, но нејзиното најново богатство ги изненади дури и експертите.
Лиза барала вредни предмети во околните ниви, во местото каде што живее, кога детекторот за метал дал јасен сигнал.
Жената почнала да копа на тоа место и открила еден стар златен брош.
Таа побарала мислење од експертите, кои утврдиле дека брошот му припаѓал лично на кралот Едвард IV, затоа што го имал неговиот личен симбол сонцето, а аметистот бил негов омилен камен. Можеби го изгубил овој вреден скапоцен камен во текот на некоја од многубројните битки кои се воделе на овие полиња.
За брошот веќе се заинтересирале и приватните колекционери, но и музеите. Еден музеј веќе ѝ понудил 15.000 фунти за него, но Лиза ќе заработи многу повеќе од тоа.