Не е само вашето тело кое има потреба од вежбање за да функционира правилно – вашиот мозок има потреба од редовни вежби, исто така! Ние имаме 4 забавни загатки за вас. Земете пенкало, лист хартија и можеме да почнеме! Решенијата се на втората страна.
4. На улицата има 6 објекти: слаткарница, продавница за миленичиња, салон за тетовирање, продавница за играчки, кројачница и салон за убавина. Градежниот работник мора да ги поправи сите објекти во рок од една недела. Но, работниот план е изгубен. И сега мора да ја искористите вашата логика за да ја дознаете локацијата на објектите на улицата и да запомните кој треба да биде првиот. Ние можеме да се потпреме на работи на кои работникот сѐ уште се сеќава:
- Има еден објект помеѓу салонот за тетоважи и објектот кој треба да се обнови прв.
- Има два објекти меѓу салонот за убавина и кројачницата.
- Кројачницата е последниот објект на оваа улица.
- Продавницата за миленичиња не е прва што треба да се обнови.
- Има два објектаи меѓу продавницата за играчки и салонот за тетовирање.
- Има 3 објекти меѓу слаткарницата и кројачницата.
- Продавницата за играчки се наоѓа помеѓу објектот кој треба да се реновира прв и друг објект.
Како се распоредени објектите и кој треба да се реновира прв?
3. Постојат 20 мачки од различни бои со различни карактеристики на фармата. На сликата можете да ги видите пресечните области кои ги вклучуваат сите локални мачки. Бројот на мачки е означен со броеви. Со користење на сликата, дознајте колку мачки се совпаѓаат со секој опис:
- Црвените мачки со шарена опашка кои ги ловат глувците немаат болви.
- Бели мачки со болви и шарена опашка не ги ловат глувците.
- Кафеавите мачки со болви ги ловат глувците и нивните опашки не се шарени.
- Црвените мачки без ленти кои сакаат да ловат глувци немаат болви.
- Црвените мачки со шарена опашка имаат болви. Но, тие се добри во ловење на глувци.
- Црвените мачки со болви и шарени опашки сакаат да ловат риба.
2. Марија и Давид живееле заедно со нивните 4 пријатели. Еден ден Давид се вратил дома и ја нашол Марија мртва на каучот. Детективот пристигнал и ги испрашувал сите 4 цимери:
- Миа била во кујната 2 часа.
- Јана сликала во нејзината соба.
- Бети пливала во базенот 3 часа.
- Јован читал книга.
Детективот ги замолил сите да му ги покажат своите раце и дознал кој го лажел. Како го дознал тоа?
1. Има 12 карти свртени наопаку на масата. Треба да дознаете за кои карти станува збор без да ги свртите. Покрај тоа, постојат неколку правила:
- Сите карти имаат различен број и секоја има своја „вредност“. Ас има вредност 1, Џандарот 11, Кралицата 12, а Кралот е еднаков на 13. Броевите од другите карти се еднакви на нивната вредност. Вкупната сума изнесува 83.
- Картите со иста боја не можат да бидат соседи вертикално или хоризонтално.
- Секој ред има 4 карти во различни бои, а секоја колона содржи 3 карти со различни бои.
- Кралот е лево од седмицата.
- Три е веднаш над Девет.
- Девет се наоѓа на десната страна од Ас лист.
- Десетка баклава е сосед на кралицата (вертикално и хоризонтално).
- Кралицата и Четири имаат исти бои и знаци.
- Картата што е скриена под буквата H и Двојката имаст исти бои и знаци.
- Вредноста на картата под буквата F е 1 поен повисока од вредноста на картата под буквата J.
Решенијата се на втората страна.