Семејството Порумбачанови раскажува како нивните четири деца со образование се здобиваат дома, без никаков голем одмор или летен распуст. Тие никогаш не го слушнале првото училишно ѕвонче. 15 септември за нив е просто ден во месецот, затоа што тие се малку поразлични ученици, надвор од стереотипите и надвор од системот.
Георги никогаш не бил на училиште. Тој научил да чита за 1 недела, а една година потоа зад себе имал прочитано 14.000 станици. Сега во просек чита по 140 страници дневно, без разлика дали се на бугарски или на англискки. Никогаш не правел контролен тест, не се јавувал на матура, ниту пак конкурирал во некој универзитет. Тој, неговите двајца браќа и помалата сестра сѐ научиле дома, со помошта на нивните родители.
Но, доколку реши да продолжи да учи во Бугарија, тој ќе треба да се јави на испити поради тоа што нема официјална диплома. Во соседна Бугарија има околу 300 семејства кои претпочитаат домашно образование пред државното. Според бугарското законодавство, училишното образование е задолжително до 16-годишна возраст, а право на самостојно образование имаат само деца со посебни потреби.
Родителите Петар и Живка сметаат дека индивидуалниот пристап кон ученикот и неговите специфични потреби отсуствуваат во традиционалното државно училиште, а секој родител сака да им го овозможни најдоброто образование на своите деца, без разлика дали тоа е нивно право или должност.