Англичанец кој подолго време престојува во Кина детално ги објаснува најпопуларните трикови кои им ги прават на туристите во Кина, а тоа се:
1. На популарните пазари за „евтино“ купување цените се 20 пати поголеми од реалната и треба да бидете упорни во ценкањето за да купите евтино.
2. Доколку ви пристапат средовечни луѓе на позната туристичка локација и зборуваат англиски, не одете никаде со нив. Кинезите ретко зборуваат англиски, особено не постарите. Обично сакаат да ве намамат во некој локал каде што ќе нарачате пијалак кој потоа ќе мора да го платите екстремно скапо.
3. Никогаш не возете се во рикша, затоа што ќе ве однесат во некој зафрлен крај и ќе ви побараат астрономска цена за да ве вратат назад.
4. Никогаш не одете во уметнички галерии со млади Кинези кои „студираат уметност“, а сте ги сретнале случајно на плоштад. Ќе ве одведат во некоја мала соба „галерија“ и ќе ве присилат да купите нешто екстремно скапо кое обично не вреди ништо.

Сподели на Facebook
пати видено