Светот е полн со мистерии за кои сѐ уште нема научни и логични одговори. Иако можеби никогаш нема да се дознае вистината која стои зад нив, секогаш е интересно да се задлабочиме во приказните за легендите кои сведочат за мистериозното минато на изгубени градови, ракописи, религиозни објекти и слично.

Изгубениот град во Калахари

Во ноември 1885 година, Вилијам Хант (познат по псевдонимот Гилермо Фарини) пишувал за еден мистериозен град со кој наишол во пустината Калахари. Тој пренесува информации до Берлинското географско друштво и Кралското географско друштво на Велика Британија. Во 1886 година тој дури и напишал книга во која детално го опишува неговото откритие – мистериозни карпести формации во близина на кои имало урнатини од древен град.

Во наредните години се одржале неколку експедиции во потрага по изгубениот град, но малку по малку мистеријата се претвори во мит. Ниту една од експедициите не довела до откривање на какви било докази.

Една експедиција беше спроведена и во 2016 година, а овој пат беа откриени карпести формации кои се совпаднаа со описот на Хант, но сè уште е нејасно дали тие имаат врска со одамна изгубениот антички град.

„Чудесните скалила“ во свадбената капела „Лорето“ во Санта Фе

Во доцните 1870-ти, архитектот на капелата Санта Фе почина неочекувано пред зградата да биле целосно изградена, починал. Тогаш градителите сфатиле дека нема испланирани скалила што ќе водат кон мансардата каде што требал да стои хорот. Стандардните скалила не можеле да се изградат бидејќи капелата била премала и градителите не знаеле што да прават.

Калуѓерките почнале да се молат на Св. Јосиф 9 дена. Потоа се појавил некој чуден човек кој им кажал дека може да изгради скали, но само ако му дадат целосен мир и не му пречат сè додека не заврши. Тој ги користел само материјалите што ги носел со себе. Човекот работел во параклисот 3 месеци, а потоа исчезнал, исто толку мистериозно како што се појавил.

Скалите беа спирални, високи 6,7 метри и убави, но немало ниту клинци ниту столб за поддршка на тежината. Калуѓерките се сомневале дека нема да можат да ги издржат луѓето кои што ќе се качуваат по нив, но скалите биле многу силни.

Во тоа време монахињите одлучиле дека Св.Јосиф самиот ги изградил скалите и верувале дека се случило чудо. Кој бил човекот што ги изградил скалите е сè уште мистерија. Дали е легенда која е пренесена низ годините, или има нешто друго во историјата? Веројатно никогаш нема да знаеме.

Мумиите од Сан Бернардо

Колумбискиот град Сан Бернардо исто така крие свои тајни, што научниците сѐ уште не ги откриле. Во 1957 година, гробиштата во градот биле поплавени, принудувајќи ги работниците таму да ги пренесат остатоците на друга локација. Додека ги ископувале гробиштата, тие биле зачудени кога откриле дека многу од остатоците биле целосно сочувани и немало траги од деградација, иако биле погребани многу одамна.

Еден од работниците, Едуардо Сифуенстес, ги информирал властите, а последователното истражување на телата открива дека се мумифицирани на природен, необјаснив начин и дека дури и нивната облека е во многу добра состојба.

Постојат бројни теории кои се обидуваат да ја објаснат мумификација, како што е фактот дека домородците имале посебна исхрана или причината е надморската височина на областа. Но, тоа не објаснува зошто облеката на закопаните е толку добро зачувана и зошто Сан Бернардо е единствениот град во областа каде што има мумифицирани тела.

Некои од мумиите се изложени во музеј кој не презел мерки за нивно зачувување, но сепак тие сѐ уште не се распаднале.

Ракописот Сибиу

Во 1961 година бил откриен документ наречен ракопис Сибиу. Се состои од 450 страници и е создаден во 1500-тите години. Неговата содржина, сепак, ги шокирала експертите. Во ракописот се вклучени технички спецификации за артилеријата, балистиката и најинтересно- Повеќекратни ракети.

Ракописот детално го опишува успешното лансирање на ракети пред илјадници сведоци во градот Сибиу во 1555 година. Неговиот автор, Конрад Хас, дури има обезбедено скици од ракети направени во неговиот дизајн. Хас, исто така, ги опишува неговите идеи за современи вселенски летала, ракетни горива и делта крила.

Како некој пишувал за ракети и гориво стотици години пред астронаутите да почнат да ги користат во програми како Аполо, Близнаци и Меркур сѐ уште е мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено