Брачен пар телевизиски личности се изјасниле за виновни затоа што го довеле во опасност нивното бебе на кое му нашле кокаин во телесниот систем. Четиримесечната ќерка на Сом и Кристин Лисајус ја внела дрогата преку мајчиното млеко. Таа била одведена во болницата Оро Вали на 15 мај откако престанала да реагира а очите и се превртеле по доењето. Брачниот пар одбивале да ѝ земат крв во болницата, па така ја напуштиле истата и против препораката на медицинските лица, но се согласиле да бидат префрлени во друга медицинска установа.
Властите го префрлиле бебето во детската болница Дијамант, но родителите и таму не сакале да соработуваат и на детето да му се направи тест на токсикологија. На крајот, била изведена анализа на урината и токсиколошката анализа. Тестовите покажале дека бебето имало кокаин во неговиот систем. Но, 26-годишната мајка отпрвин одрекувала дека употребувала кокаин и тврдела дека не знаела како бебето било изложено на дрогата.
Потоа во полиција признала дека шмркнала кокаин со нејзиниот сопруг на 14 мај кога имале гости во нивниот дом во Оро Вали. Полицијата добила налог да го пребара нивниот дом и нашле 1,59 грама кокаин. Двајцата поранешни презентери за Тусон ТВ се соочуваат казна затвор во времетраење до 2 години.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!