Веќе сме во „дворот“ на 2018 година, но сѐ уште се плашиме да го оставиме полначот во штекерот, го исклучуваме лаптопот од полначот навечер и чекаме батеријата на телефонот да дојде до 0% за да го полниме, за наредниот ден батеријата да ни „трае“ повеќе.
Воопшто не треба да се вознемируваме поради овие непишани правила и треба на малку поразличен начин да ја гледаме новата технологија.
Мит 1: Не го оставајте телефонот да се полни преку ноќ
Благодарение на модерните литиум-јонски батерии, без проблем можете да го оставите мобилниот да се полни цела ноќ. Овие батерии се исклучуваат кога телефонот ќе се наполни 100%, така што нема опасност од предизвикување пожар или пак оштетување на батеријата.
Мит 2: Неопходно е да се испразнат уредите до 0
Ајде да се вратиме на модерните литиумски батерии: факт е дека тие имаат ограничен број циклуси на полнење (на пример, на iPhone има околу 500). Еден циклус е едно целосно полнење, кога батеријата е наполнета од 0 до 100%. Ако го наполните телефонот, да речеме, од 90 до 100%, тогаш сте искористиле само 1/10 од циклусот. Така е, на овој начин го продолжувате бројот на циклуси без да го изгубите капацитетот за 10 пати.
Затоа, наместо да го полните телефонот еден цел циклус, препорачливо е да го плните неколку пати во денот(ако е можно, се разбира).
Мит 3: Не можете да го оставите полначот во штекерот
И покрај фактот дека е погодно и не постои ризик да се расипе, правилата за безбедност велат дека полначот мора да се отстрани од штекерот веднаш по употребата. Целата поента е дека во случај на преголем напон во вашата мрежа, непочитувањето на ова барање може да доведе до пожар.
Сепак ако се пронајдете во барем една од овие 4 ситуации, секогаш исклучувајте го полначот од штекерот:
- Немате громобран на куќата, има флуктуации на напонот и често се исклучува електричната енергија.
- Имате животни кои се движат слободно околу куќата. Во овој случај, тие можат да го гризат кабелот на полначот.
- Имате често гости.
- Вашиот полнач е топол или бучен, дури и кога тој не е директно поврзан со уредот.
Мит 4: Лаптопот ќе работи полошо ако постојано го држите на полнач
Истата ситуација како и со телефонот: модерните кола за напојување во лаптопите го блокираат полнењето на батеријата кога е целосно наполнета, така што е исто така непрофитабилно да ги поминува своите целосни циклуси на полнење. Како превентивна мерка, експертите советуваат едноставно да го испразните еднаш месечно на нула.
Многу почести причини за дефекти се прегревање на уредот, работа во несоодветни услови – воопшто, кориснички грешки, наместо трајно поврзан полнач.