Онлајн аукции на невиноста се места каде девојките ја нудат својата невиност на оној кој ќе плати најмногу. „Продавачките“ признаваат дека бараат начин да ги вратат долговите, да ги покријат кредитите или да платат за нивните студии.
Најчесто го кријат лицето така што никој нема да ги препознае.
Обично млади девојки даваат такви предлози, но постојат исклучоци. 36-годишната стјуардеса Менди од Германија одлучила да се „ослободи“ од невиноста неодамна.
Жената се регистрирала на веб-страницата на Sinderella Escorts. Набргу по објавувањето на нејзината невиност, била купена од анонимен бизнисмен од Минхен. Тој победил на аукцијата, нудејќи 250 илјади евра. Менди признава дека нејзината возраст само го зголемила бројот на наддавачи.
Менди долго време го чекала вистинскиот маж со кој ќе ја изгуби невиноста, но неодамна сфатила дека повеќе не може да чека. „Тоа е како коцкање, треба да знаете кога да престанете. Ако запознаам некој кој ми одговара тој ќе ме прифати таква како што сум.“, вели Менди. Парите што ќе ги добие ќе ги искористи за да му помогне на семејството, да напредува во кариерата и во хуманитарни цели.
На прашањето што мисли нејзиното семејство за оваа одлука, таа одговорила: „ Доколку моите родители на 36 години не ме признаваат како возрасна личност која сама одлучува за себе, тоа би било многу тажно. А пријателките ми завидуваат. Тие жалат што ја изгубиле својата невиност со момчиња со кои одамна се разделиле, наместо да заработат пари од тоа.“