Конфучиј (Кунг Фу Це, 551-479 пр.н.е.) бил кинески учител, книжевник, политичар и философ од т.н. Пролетен и Есенски период на кинеската историја. Неговатта философија ја истакнува потребата за личен и владин морал, коректност во општествените односи, правда и искреност. Неговите следбеници успешно им конкурирале на многу други школи за време на ерата Сто школи на мислата, за на крај да бидат потиснати од легалистите за време на династијата Чин. По победата на Хан врз Чу после падот на Чин, мислата на Конфучиј била официјално прифатена и разработена во систем кој денес е познат под името конфучијанство.
Традиционално Конфучиј се смета за автор и уредник на многу класични текстови, но модерните научници се внимателни при припишувањето на некои дела. Афоризмите поврзани со неговото учење се собрани во „Аналекти“, но тоа се случило многу години по неговата смрт.
Во основата на начелата на Конфучиј лежат кинеската народна традиција и верувања. Тој ја фаворизирал силната лојалност кон семејството, обожувањето на предците, почитта кон старите од страна на нивните деца и почитувањето на жената кон нејзиниот сопруг. Како основа за силна влада го препорачувал семејството. Се залагал за познатиот принцип „Не прави им го на другите тоа што не сакаш да ти го прават на тебе“, рана верзија на познатото Златно правило.
Еве некои од неговите најинспиративни цитати:
1. Човекот кој придвижува планина, почнува со носењето на мали камења.
2. Заборави ги повредувањата, никогаш не заборавај ја љубезноста.
3. Верноста и искреноста нека ти бидат најважни начела.
4. Кога ќе стане очигледно дека не можеш да ја постигнеш целта, не прилагодувај ја целта, туку прилагоди ги чекорите во твоето дејствување.
5. Почитувај се себеси и другите ќе те почитуваат.
6. Подобро дијамант со мана отколку беспрекорно камче.
7. Вистинското знаење е да се знае до каде е незнаењето.
8. Ако тоа што некој го има не е подобро од молчењето, тогаш подобро да молчи.
9. И запомни, каде и да одиш, таму си.
10. Музиката произведува вид на задоволство без кој човечката природа не може.
11. Многу посрамно е да не им веруваме на нашите пријатели, отколку да бидеме измамени од нив.
12. Најтешко од сѐ е да се најде црна мачка во темна соба, особено ако таму нема никаква мачка.
13. Дај му чинија ориз на некој човек и ќе го нахраниш за тој ден. Научи го како самиот да си одгледува ориз и ќе го нахраниш за цел живот.
15. Само најмудрите и најглупавите никогаш не се менуваат.
16. Излезот е преку вратата. Зошто никој не сака да го примени овој метод?
17. Не треба да те мачи кога другите пропуштаат да ги ценат твоите способности, туку кога ти пропушташ да ги цениш нивните.
18. Сѐ си има своја убавина, но никој не ја согледува.
19. Слушам и заборавам. Гледам и помнам. Правам и разбирам.
20. Човекот кој прашува за една минута прави будала од себе. Човекот кој не прашува е цел живот будала.
21. Кога ќе видиш добра личност, размислувајте како да станете како неа. Кога ќе видиш некого кој не е толку добар, присети се на своите слаби страни.
22. Подобро напаѓај го злото во тебе, наместо да го напаѓаш злото во другите.
23. Тоа што големиот човек го бара го наоѓа во себеси. Тоа што ништожниот човек го бара, го бара во другите.
24. Не можете да отворите книга, а да не научите нешто.
25. Тишината е вистински пријател кој никогаш не изневерува.
26. Да ти се причини неправда не претставува нипто, освен ако не продолжиш да се сеќаваш на неа.
27. Проучувај го минатото ако сакаш да ја определуваш иднината.
28. Пред да тргнеш по патот на одмаздата, ископај два гроба.
29. Каде и да одиш, оди со целото свое срце.
30. Најтасмешните луѓе се и најтажни.
31. Животот е навистина едноставен, но ние инсистираме на тоа да го направиме посложен.
32. На тој кој ги знае сите одговори не му биле поставени сите прашања.
33. Ако направиш грешка и не ја исправиш, е тоа се нарекува грешка.
34. Не е важно колку брзо чекорите, сѐ додека не запирате.
35. Избери ја работата која ја сакаш, и нема да мора да работиш ни еден единствен ден во твојот живот.
36. Има три начина на кои може да се стекне мудроста првиот е. преку размислување, кој е најблагороден; вториот преку имитирање, кој е најлесен; и третиот преку искуство, кој е најгорчлив.