Полицајка умрела откако криминалец ја заразил плукајќи ѝ в лице за време на неговото апсење. Арина Колцова од Киев, Украина, апсела осомничен за време на новогодишната ноќ – не знаејќи дека тој боледува од туберкулоза. Додека ја извршувала својата должност, човекот ѝ плукнал в лице. Потоа, еден ден 35-годишната жена се онесвестила на работа. Подоцна ѝ дијагностицирале инфективно заболување на белите дробови и била приморана да се лекува.
Хемотерапијата, која често се употребува за лекување на акутни случаи на туберкулоза, многу ја ослабнала Колцова. И покрај сѐ, лекувањето било неуспешно и таа умрела во понеделник.
Арина била позната во својот град. Една од нејзините пријателки вели: „Арина сакаше да промени нешто во нашата земја. Затоа и се вработи во полиција, сакаше да смени нешто.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!