Мухамед Шакир,34, од Мелбурн, Австралија е обвинет дека влегол во брак со 14-годишно девојче. Настанот се случил во септември минатата година.
Како дел од спогодбата две обвиненија биле повлечени од страна на обвинителите во судот во Мелбурн, а едно од нив е обвинението дека Шакир имал сексуален однос со девојчето помеѓу 30ти Септември и 1ви Октомври, денот по нивната свадба.
Церемонијата била изведена во Noble Park Џамијата од страна на бивш Босански Имам Ибрахим Омердиќ, 61, против кој исто така е покренато обвинение за помош при склопување на овој нелегален брак.
Омердиќ, поранешен Имам на Босанската Исламска заедница, бил суспендиран по неговото апсење во ноември, а подоцна и отпуштен.
“Поставен е нов Имам. Ибрахим Омердиќ не е повеќе Имам на Noble Park Џамијата и нема никаква врска со Исламската Заедница”, изјавиле од Noble Park Џамијата.
“Девојчето е во кревка состојба и има здравствени проблеми”, изјавил обвинителот Рањани Падманабхан во основниот суд во Мелбурн.