Од етиката до среќата; од демократија до музика, уметност и филозофија; од логика до наука – древните филозофи, дискутирале и пишувале за многу проблеми и идеи кои се чинат важни дури и денес, по 2500 години!

Во продолжение ќе можте да прочитате цитати за значењето и суштината на зборвите знаење и мудрост, разбирање на тоа што претставува интелегенцијата, што е љубов и пријателство, дефиниција за среќата и важноста да се биде благодарен. Понатаму, ќе можете да прочитате за политика, за сиромаштијата во тоа време, како и други филозофски идеи и мисли.

1. Питагора (570 -490 пр.н.е.)

fl01

„Сѐ додека човекот продолжува да биде безмилосен уништувач на пониските живи суштества, тој никогаш нема да го спознае здравјето на мирот. Сѐ додека луѓето ги масакрираат животните, тие ќе се убиваат и меѓу себе. Навистина, тој кој сее семе на убиство и болка, не може да жнее среќа и љубов.“

„Молчи и почекај твоите зборови да станат повредни од тишината.“

„Ако има светлина, значи има и темнина; ако има студ, има и жештина; ако има височина, има и длабочина; ако има цврсто, има и течно; ако има тврдо, има и мего; ако има грубо, има и мазно; ако има смирено, има и бурно; ако има среќа, има и несреќа; ако има живот, има и смрт.“

2. Демокрит (460-370 пр.н.е.)

fl02

„Човекот секогаш ја обвинува природата и судбината, а сепак неговата судбина најчесто не е ништо друго освен ехо на неговиот карактер и страсти, неговите грешки и неговите слабости.“

„Не постои ништо друго освен атоми и празен простор; сѐ друго е лично мислење.“

„Многу начитани мажи немаат интелегенција.“

3. Сократ (469-399 г.пр.н.е.)

fl03

„Единствената вистинска мудрост е во тоа да знаеш дека ништо не знаеш.“

„Животот без спознание не вреди да се живее“

„Не можам никого да научам на било што. Можам само да го научам да мисли.“

4. Платон (428 -327 г.пр.н.е.)

fl04

„Биди љубезен, бидејќи секој когошто среќаваш минува низ тешка борба.“

„Секое срце пее песна, која е незавршена, сѐ додека некое срце не одговори со шепот. Тие кои сакаат да пеат, секогаш ќе најдат песна. На допирот на љубовта, секој станува поет.“

„Мудрите луѓе зборуваат бидејќи имаат што да кажат; глупавите бидејќи мораат да кажат нешто.“

5. Аристотел (384 – 322 г.пр.н.е.)

fl05

„Спознанието на себеси е почеток на сета мудрост.“

„Карактеристика на образованиот ум е да биде способен да се занимава со некоја мисла без да ја прифати.“

„Што е тоа пријател? Една душа во две тела.“

6. Диоген од Синопа (412 – 323 пр.н.е.)

fl06

„Не сум луд, едноставно мојата глава е различна од твојата.“

„Привилегија на боговите е да не сакаат ништо, а на боголиките луѓе да сакаат малку.“

„Сиромаштијата е доблест која се учи.“

7. Епикур (341 – 270 пр.н.е.)

fl07

„Не расипувај го тоа што го имаш со посакување на тоа што го немаш; Запомни дека тоа што сега го имаш, некогаш било помеѓу нештата за кои порано само си можел да се надеваш.“

„Од сите извори на среќата, најважно е стекнувањето пријатели.“

8. Хераклит (535 – 475 пр.н.е.)

fl08

„Времето е игра која најубаво ја играат децата.“

„Никој не влегува двапати во иста река, бидејќи ниту реката е иста, ниту тој е истиот човек.“

„На секои сто луѓе, десет воопшто не би ни требало да бидат таму, осумдесет се само цел, деветмина се вистински борци, бидејќи тие се тие кои ја водат битката. А тој еден, тој е воин, и тој ќе ги врати другите.“

9. Перикле (495 – 429 пр.н.е.)

fl09

„Тоа што ти не се интересираш за политиката, тоа не значи дека политиката не се интересира за тебе.“

„Тоа што ќе остане зад тебе не се мермерните споменици, туку тоа што си успеел да го вткаеш во животите на другите.“

„Тие што вистински можат да бидат сметани за храбри се луѓето кои најдобро го знаат значењето на тоа што е слатко во животот, а што е ужасно, и потоа излегуваат решени да се соочат со тоа што доаѓа.“

10. Епиктет (55 – 135 н.е.)

fl10

„Ако некој ти кажува дека некој зборувал лошо за тебе, не правдај се за кажаното, туку одговори вака: Тој не знае за моите други недостатоци, инаку немало да ги спомне само овие.“

„Богатството се состои не во тоа да поседуваш многу, туку во тоа да посакуваш малку.“

„Не објаснувај ја твојата филозофија. Спроведи ја.“

Сподели на Facebook
пати видено