Мартин Лутер Кинг (15. јануари 1929 – 4. април 1968) бил свештеник на американската баптистичка црква, активист, хуманитарец и лидер на движењето за граѓански права на афроамериканците. Најпознат е по неговата улога во здобивањето со граѓански права по пат на ненасилна непослушност во согласност со неговите христијански убедувања.

Кинг станал активист за граѓански права рано во неговата кариера. Во 1955 го предводел бојкотот на автобуските линии во Монтгомери и помогнал да се финансира Конфенренцијата на Јужното Христијанско Водство во 1957, на коешто бил првиот претседател и на чело на таа организација, Кинг ја предводел неуспешната борба против сегрегацијата во Албени, Џорџија и помогнал да се организираат ненасилните простести во Бирмингем, Алабама, настани кои привлекле внимание кај целата американска јавност откако телевизијата известила за бруталниот одговор на полицијата. Во 1963 година Конг помогнал да се организира Маршот на Вашингтон, кадешто го одржал неговиот познат говор „Јас имам сон“. Таму ја воспоставил својата репутација како еден од најголемите оратори во американската историја.

1399490861264

Следуваат 30 негови цитати кои ќе ве инспирираат.

1. Нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта.

2. Јас имам сон дека еден ден малите црни момчиња и девојчиња ќе се држат за раце со малите бели момчиња и девојчиња.

3. Луѓето не се согласуваат бидејќи се плашат едни од други; се плашат едни од други бидејќи не се познаваат едни со други; не се познаваат едни со други бидејќи не општеле едни со други.

4. Мислам дека има и крајна причина зошто Исус вели: „Сакај ги своите непријатели“. Тоа е ова: љубовта во себе има искупувачка моќ/. И има моќ која на крајот ги трансформира поединците. Едноставно продолжете да се однесувате пријателски кон таа личност, едноставно продолжете да ги сакате, и тие нема да издржат уште долго. О, на почетокот ќе реагираат на најразлични начини. Реагираат со чувства на вина, а понекогаш во тој преоден период ќе ве мразат уште повеќе, но сепак продолжете да ги сакате. И со моќта на вашата љубов тие ќе се скршат под нивниот товар. Тоа е љубовта, гледате. Таа искупува, и токму затоа Исус вели „сакајте“. Има нешто во врска со љубовта што е креативно и што се надоградува. Има нешто во врска со омразата што урива и е деструктивно. Затоа, сакајте ги вашите непријатели.

5. Ниедна личност нема право да носи дожд врз вашите соништа.

6. Не дозволувајте никој да ве повлече толку ниско да го намразите.

7. Науката истражува, религијата интерпретира. Науката на човекот му дава знаење, коешто е моќ; религијата му дава мудрост, а тоа е контрола. Науката борави главно со факти; религијата борави главно со вредности. Тие две не се ривали.

8. Човекот кој не е подготвен да умре за нешто не е подготвен за живот.

9. Мора да живееме заедно како браќа, или ќе исчезнеме заедно како глупаци.

10. Темнината не може да ја истера нашата темнина: само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера нашата омраза: само љубовта може да го направи тоа.

11. Решив да се држам до љубовта…Омразата е претежок товар за носење.

12. Понекогаш доаѓа време кога човек мора да заземе положба која не е ниту безбедна, ниту политичка, ни популарна, но мора да ја зазаеме бидејќи совеста му вели дека така е правилно.

13. Никогаш не заборавајте дека сѐ што Хитлер правел во Германија било законски.

14. Јас имам сон дека моите четири деца еден ден ќе живеат во нација кадешто нема да им се суди според бојата на нивната кожа туку според содржината на нивниот карактер.

15. Ништо во светот не е поопасно од искреното незнаење и свесната глупост.

16. Мора да увидиме дека тоа што го бараме на крајот е општество кое е во мир со себеси, општество кое може да живее со својата совест.

17. Само во темно можете да ги видите ѕвездите.

18. Ако не можеш да леташ тогаш трчај, ако не можеш да трчаш тогаш оди, ако не можеш да одиш тогаш ползи, но што и да правиш, само продолжи да се движиш напред.

19. На крајот ќе се присетиме не на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели.

20. Верата е во правењето на првиот чекор дури и кога не можете да ги согледате сите скали.

21. Човек се мери по тоа не каде ќе застане во миговите на удобност и сигурност, туку каде ќе застане во миговите на предизвик и несигурност.

22. Интелегенција и карактер – тоа е целта на вистинското образование.

23. Секој може да биде голем…бидејќи секој може да служи. Не ви треба универзитетска диплома за да служите. Не мора вашиот подмет и прирок да се согласуваат за да служите. Се што ви треба е срце полно со милост. Душа создадена од љубов.

24. Никој не знае зошто се живи, сѐ додека не дознаат за што би умреле.

25. Тие кои не ја бараат среќата најчесто ја наоѓаат, бидејќи тие што ја бараат забораваат дека најсигурниот начин да бидат среќни е да бараат среќа за другите.

26. Простувањето не е повремен чин, тоа е постојан став.

27. Неправдата било каде е закана за правдата секаде.

28. Мораме да се помириме со крајното разочарување, но никогаш да не ја загубиме бесконечната надеж.

29. Ако некој човек работи како уличен чистач, тој би требало да ги чисти улиците како што Микеланџело сликал, или како што Бетовен компонирал или како што Шекспир пишувал поезија. Би требало да ги чисти улиците толку добро што дури и сите домаќини на небото и земјата ќе застанат и ќе кажат „Овде живеел одличен уличен чистач кој својата работа си ја вршел како што треба.“

30. Доаѓаат мигови кога молчењето е предавство.

Сподели на Facebook
пати видено