Леја Паул, маркетинг директор во фирмата Медиабистро, открива неколку индустрии каде може да се работи без факултетска диплома, а нудат добра заработувачка.
Тој вели дека најдоброто решение што го направил во животот е тоа што не продолжил со своето образование на факултет. Тој е 4 години пред неговите врсници, со тоа што има стекнато работно искуство, а тие сеуште студираат. Ова се трите работни места кои тој ги предложи, за кои не ви е потребна диплома и каде може да се заработи добро:
-
Трговец
Леја вели дека оваа индустрија може да ја разгледате ако сте добри во вмрежување и поврзување со луѓето. Најважната вештина е способноста да се развиваат позитивни односи и да се убедуваат луѓето. Исто така помага ако имате основно познавање на математичките методи за пресметување. За разлика од оние кои сеуште студираат, вие сте во предност со тоа што заштедувате на време. Ако ви е потребно дополнително појаснување околу математика и финансии, едноставно запишете се на некој приватен курс во меѓувреме додека работите.
-
Проект менаџер
Добро ви оди организирањето? Оваа особина ќе ви помогне најмногу. Тука е потребно да умеете да организирате и да координирате, па така водење на тим не е проблем за вас. Иако е потребно малку време додека стекнете искуство и додека ве запознаат работодавците.
-
Технички развој / Графички дизајн
Слично како кај претходната, потребно да умеете да бидете добро организирани, па оттаму нема да биде проблем да се вклопите во развојните индустрии. Исто така, ќе ви биде од корист доколку сте креативни и иновативни.
Постојат две работи што треба да знаете за овие индустрии: Тие се високо побарувани и за нив се плаќа многу. Потребно ви е основно познавање на компјутери. Доколку сте доволно љубопитни да ги совладате алатките за кодирање и програмирање, тогаш оваа работа е создадена за вас. Тука има повеќе области за кои можете да појавите интерес, па така и повеќе можности. Можеби сте вешти со алатките за корекција на фотографии, можеби имате слух за аудио монтажа, од вас зависи што ве привлекува повеќе.