Одењето на плажа може навистина да ве подмлади. Не станува збор само за подобрување на расположението, туку и за подобрување на здравјето. Истражувањата покажале дека морето може да има навистина добро влијание врз човечкото здравје.

3 Reasons Why You Should Go To The Beach More Often

1. Морето ви го подобрува начинот на размислување

Истражувањата покажуваат дека звукот на брановите ги менува мозочните бранови, нурнувајќи ве во длабоко опуштена состојба. На тој начин, опуштањето ви помага да го подмладите умот и телото.

Новородените бебиња се сочинети од 75 отсто вода, и како што старееме, стануваме сѐ посуви, додека да стигнеме 60 проценти. Но, во нашите мозоци остануваат 75 проценти вода и 31 процент во коските. Нашите мозоци позитивно реагираат на водата, бидејќи нашите еволутивни предци излегле од водата и преминале од пливање, преку ползење, до одење на копно. Фетусите сѐ уште имаат жабровидни структури во нивните рани фази на развој, а водата во нашите клетки е слична на структурата на водата во морето, истакнува Волис Џ. Николс, морски биолог и конзерватор кој живее во близина на калифорниското централно крајбрежје. Оваа биолошка поврзаност со водата поттикнува непосредна реакција во нашите мозоци. Кога ќе видиме или слушнеме океан, вели тој, инстинктивно знаеме дека се наоѓаме на вистинското место.

2. Одењето на плажа е добро и за вашето тело

Сите сме свесни за ризикот од преголема изложеност на сонце. Но, сончевите зраци знаат и да бидат полезни. Кога нашата кожа е директно изложена на сонце, нашите тела произведуваат витамин D, витална алатка која помага во апсорпцијата на калциум и градењето на силни коски. Извесен дел од витаминот D внесуваме со нашата исхрана, но добар дел од неопходното количество доаѓа од сонцето. Според експертите, десет минути дневно се сосема доволни за да се снабдиме со неопходната дневна доза.

Потоа, песокот делува како природен пилинг, помагајќи во побрзото лупење на старата кожа и забрзувајќи ја природната регенерација. Исто така, плажата е одличен природен простор за вежбање. Дополнителниот отпор врз мускулите ги засилува ефектите на фитнес програмата.

3. Морето е добро за вашата душа

Живеењето крај брегот се поврзува со подоброто здравје бидејќи крајморската околина го намалува стресот, велат истражувачите, кои посочуваат едно британско истражување според кое луѓето кои патуваат до морскиот брег чувствуваат поголема смиреност и опуштеност во споредба со тие кои за време на својот одмор ги посетуваат градските паркови или селските средини во внатрешноста.

Вдишувањето на морскиот воздух исто така го крева расположението. Причината за ова можеби лежи во минералите во морскиот воздух и во јоните со негативен полнеж, со коишто изобилува воздухот крај морето. Негативните јони во изобилство се природни и на места како шумите и водопадите. Тие помагаат да се зајакне имунитетскиот систем, а јодот од морската вода помага во регулирањето на тироидната жлезда.

Покрај тоа, тие помагаат во подоброто апсорбирање на кислородот, а многумина веруваат дека негативните јони го балансираат нивото на серотонин, што е во директна врска со расположението и стресот.Во нашето современо секојдневие, ние сѐ повеќе сме изложени на позитивните јони (слободни радикали) од комјутерите, електрицитетот, телевизорите и слично. Затоа е добро што е можно повеќе да се изложувате на негативни јони.

Сподели на Facebook
пати видено