Трајн и Дру Руиз дознале дека нивниот син Арчер има трајно оштетување на слухот во двете уши кога имал само три недели. По два долги месеци, Арчер конечно беше опремен со слушни помагала кои ќе помогнат да се исправи недостатокот.

Тие го снимиле моментот кога слушните помагала биле вклучени, а Арчер ги слушнал неговите родители и неговите баби и дедовци како се смеат, плачат и пеат, за прв пат во својот живот.

Неговите родители велат дека Арчер станал многу среќно бебе откако ги добил слушните апарати и им подарува насмевка на своите родители секое утро, кога тие ќе бидат вклучени.

Сподели на Facebook
пати видено