Возачите од Флорида минатата недела се вџашиле кога виделе како мало дете вози среде патот. Необичниот инцидент започнал во среда наутро, откако едно момченце успеало да се измолкне од неговата куќа, качувајќи се на столица да ја отклучи влезната врата, додека неговиот татко се наоѓал во бањата. Штом се нашол надвор, си влегол во својата моторизирана количка и се упатил кон автопатот. За среќа, неколку совесни возачи успориле за своите возила да го заштитат малечкиот од сообраќајот кој му доаѓал в пресрет и го натерале на страна од патот, за потоа да почекаат да дојдат властите и да интервенираат.
„Бев шокиран“, вели сведокот Дени Колинс. „Затоа и го сликав ова. Си мислев дека никој нема да ми поверува. Можеше да заврши многу полошо доколку да не беа луѓето кои запреа.“
За среќа, момчето од неговата авантура излегло сосема неповредено и било вратено на неговиот татко.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!