Баба која ја злоупотребувала и тероризирала 7-годишната внука, додека била облечена како вештерка која ја нарекувала Нелда е осудена на три последователни доживотни затворски казни, откако шокантното видео беше пронајдено.
Женева С.Робинсон, 51 година, од Оклахома, откако се изјаснила за виновна за 5 точки од обвинението за кривично дело злоупотреба на дете до крајот на животот ќе остане зад решетките. Нејзиното момче Џошуа Грангер, 33 години, е осуден на 30 години затвор, поради учество во малтретирањето како “демонот Когро.”
Обвинителите велат дека Робинсон водела куќа на ужасот каде што жртвата била константно мачена, камшикувана и ѝ било речено дека останатите вештерки се кријат на таванот.
Видеото каде што се гледа грозоморниот чин за прв пат било прикажано на судењето. На видеото се гледа фигура облечена во црно, со перика и зелени раце и некаков вид на маска.
“Баба ти е болна поради тебе, оди со вештерката,” се слуша машки глас на Џошуа како му зборува на девојчето.
Детето молело и ветувало дека ќе биде послушно, додека нејзината баба односно Нелда повторувала “Лажеш,лажеш,мало девојче! Дај ми нож и вилушка!” На малото девојче му било кажано дека вештерките јадат мали деца.
“На пред и потоа слики се гледа првин насмеано девојче со ведри очи, а на втората измачено девојче со модрици, гребнатини и тажно лице,” вели судијата МекЕлви. “Знаеш што умре?”, судијата ја прашал Робинсон. “Умре сјајот во очите на тоа невино дете.”
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!