Овие слики ја прикажуваат прекрасната разновидност која ја има во рамките на човечката раса. Слики кои не’ потсетуваат дека живееме во свет во кој заедно живеат и среќата и тагата. Некои од сликите се прекрасни, додека други се тажни и трогателни. А зошто велиме човечка раса? – бидејќи постои само една човечка раса. Различните телесни карактеристики, како бојата на кожата, закосеноста на очите итн. се само различни одговори, т.е. прилагодувања на животната околина во која се нашла определена група на луѓе. Да се прават поделби на луѓето врз основа на бојата на кожата е исто како да дискриминирате некого поради бојата на косата или очите.

„Космичкото време е исто за сите, но човечкото време се разликува кај секој човек поодделно. Времето тече на ист начин за сите човечки суштества; секое човечко суштество плови низ времето на различен начин.“ – Јасунари Кавабата

„Преку глава ми е од старци кои сонуваат за војни во кои ќе гинат млади луѓе, а не тие“

с01

Момче ја спасува својата сестра од рушевините на нивниот дом во Сирија

с02

Тошимана, гејша од Кјото

с03

Млада Језидијка (Језиди се етнорелигиска подгрупа на Курдите) носи пушка за да го заштити нејзиното семејство од ИСИС

с04

Мајка и нејзината тригодишна ќерка кои биле нападнати со киселина од страна на нејзиниот сопруг

с05

Девојче кое преживеало единаесет дена во сибирска шума

с06

Слепи албино момчиња во нивната интернатска соба во мисионерско училиште за слепи во Западен Бенгал, Индија, 2013

с07

Новороденче со албинизам старо три недели среќно спие со неговиот братучед во Киншаса, Конго

с08

Сибирско семејство за време на оброк

с09

Патници во автобус се обидуваат да спасат жена која се обидела да изврши самоубиство сечејќи си ги вените со нож

с10

Момче од номадското племе Сури во Етиопија, со традиционална боја за лице и тело и костим

с11

72-годишна двојка од Ајова, САД конечно се венчаваат

с12

13-годишното девојче ловец со орел Ашол Пан, Монголија

с13

Лицето на јагленокопач од Кина

с14

Палестинско девојче со калашников среде исламски џихадистички милитанти во Газа

с15

Прекрасни очи!

с16

Седумгодишен сириски бунтовник

с17

Одгледувач на ориз од мало село во Виетнам

с18

Војник кој се одмара после долго трчање под полна воена опрема

с19

Време за чај на полуостровот Јамал

с20

Девојче од народот Малагаси чекори помеѓу баобаб дрвја

с21

Девојче од племето Хамер во Етиопија

с22

Свештеник и неговиот брат

с23

Дипломираниот син на сиромашен фармер

с24

Девојче од малцинството Јазиди се одмара на ирачко-сириската граница во Фишкхабур, Дохук, после бегството од ИСИС

с25

Мајка и ќерка

с26

Мала пауза на фестивалот Burning Man

с27

Татко алкохоличар и неговото дете

с28

Двегодишно дете ја храни нејзината хендикепирана мајка

с29

Сподели на Facebook
пати видено