Руска убавица напишала оглас во кој бара маж да ја затрудни – бидејќи ѝ се смачило мајка ѝ да ѝ додева дека сѐ уште нема внуци. Елена Комлева од Челиабинск во јужна Русија огласот го објавила на социјален медиум – и наскоро била преплавена со понуди.29-годшината маникирка тоа го опишува како „натпревар“ додавајќи дека победничкиот кандидат ќе го избере нејзината мајка.
На својот профил на Вконтакт (руска верзија на Фејсбук) таа напишала: „Мајка ми сака внуци на кои ќе им ја даде сета бебешка облека која ја собирала. Но сѐ уште никој не сака да се ожени со мене. Па така, ако си млад, силен и здрав, напиши збор, два. Мајка ми ќе ги бира кандидатите и ќе го избере победникот. Таа најдобро знае што ми треба.“
Нејзиниот оглас веќе е преплавен со понуди. Јури Јуриев, 28, вели: „Хммм, жена во нужда – тука сум да помогнам.“ Кузма Третјаков, 25, напишал: „Јас сум млад, силен и здрав, ти стојам на располагање.“
Но дека нејзините пријатели на Вконтакт ѝ нудат поддршка и ѝ честитаат на идејата со зборовите „Среќен роденден и со среќа“ – некои се позагрижени. Борислав Баранов, 28, вели:„Би сакал да помогнам, но нејзината мајка ми изгледа како вистински кошмар.“ А Леонид Пономаров напишал: „ А што е со моралот? Зар ова може да биде исправно?“
Г-ца Комлева на тоа одговара:„Нема од што да се срамам. Еднаш бев вљубена, но бев толку несреќна. Се надевам дека ќе најдам сопруг, но ако можам да најдам само биолошки татко, и тоа е во ред. Барем мајка ми ќе престане да ме масира.“