Младата кинеска компанија Youxia Motors, основана минатата година од 28-годишниот дизајнер Хуан Цју-Јуан, веќе го претстави својот прв спортски електричен седан Youxia X. Автомобилот ќе започне да се продава во 2016 година. Youxia X има 348 коњски сили, достигнува брзина од 0-100км/час за 5,6 секунди, а со едно полнење на акумулаторот може да помине 460км. Како една од силните страни на суперавтомобилот ја нагласија способноста со полнење на батеријата во времетраење од половина час, автомобилот може да помине 270км.
Како одговор на новата кинеска конкуренција, Американците го најавија новиот модел на нивниот електро автомобил Tesla Model 3.