Млада мајка која го напуштила училиштето пред да земе диплома споделила дека успеала во текот на една година да основа мултимилионска модна компанија. 27-годишната Викторија Молино од Чешир, Британија, го основала својот е-бутик „Want That Trend“ во април минатата година, пет месеци откако ја родила својата ќерка Изабела.

На почетокот се надевала дека ќе привлече дваесеттина нарачки неделно, но се шокирала кога бизнисот ѝ процветал и сега процесира впечатливи 2000 фактури дневно. Блондинката споделува дека сега се мачи да се справи со својот „успех преку ноќ“, особено со оглед на тоа што нејините наставници на училиште отворено се сомневале дека таа ќе постигне нешто во животот.

mn01

Сега за неа работат дваесет и двајца луѓе и планира и да стартува линија за бебешка и мајчинска облека. Сега за сега таа специјализира претежно во продавањето женски фустани. Таа сакала да создаде нешто шик и добро направено, но по достапна цена, откако и самата имала проблеми да најде нешто за себеси бидејќи сѐ било неквалитетно или прескапо.

„Отсекогаш ја сакав облеката, но немав пари“, објаснува таа. Пред да ја основа својата фирма преку интернет, Викторија немала никакво искуство за дизајн. Работела во центар за телефонски повици откако го напуштила курсот за детска негувателка. Но, љубителката на модата набргу научила сѐ што требало да знае за работата. Откако посетила продавачи на големо и локални производители, таа собрала релативно евтина колекција на конфекциски производи. Исто така гледала и упатства на интернет за тоа како да основа комерцијална веб-страница. Таа вели дека отпрвин нејзината мајка и нејзиниот партнер не биле сигурни дека го направила вистинскиот чекор кога ја напуштила својата поранешна работа. Но, кога нарачките почнале да се редат, сфатиле дека го направила вистинскиот потег.

mn02

Викторија самата е манекенка за своите производи.

„Кога ќе погледнам на другите сајтови, мислам дека облеката може да изгледа толку различно на слаби манекенки. Сакам да покажам како мојата облека стои на `вистински луѓе`.“

mn04

Во текот на следните месеци Викторија се здобила со впечтлива бројка од 48 000 луѓе кои ја следат на Инстаграм и 1,2 милиони допаѓања на Фејсбук. На почетокот таа очекувала купувачите да бидат приближно на нејзина возраст, но се покажало дека ги има од различни возрасни групи. Првин ѝ било тешко да се справува со бизнисот заедно со мајчинството, но сега стекнала добра рутина.

„Постепено сѐ си доаѓа на место. Ако на пример треба да ставам фотографии на веб страницата, го правам тоа во пет попладне, кога мојот партнер ќе си дојде дома.“

mn09

Нејзината ќерка сега има 11 месеци, но вели дека едвај чека да дојде времето кога заедно ќе зборуваат за модата. Таа заклучува: „Понекогаш едноставно не сфаќате што сте постигнале и колку сте ги инспирирале другите. Мојот сон е мојот бренд да биде признаен и да преживее. Но, да видиме што ќе се случи.“

Во првата година „Want That Trend“ заработил над 8 милиони евра, а Викторија веќе е на прагот на остварувањето на својата цел оваа година да заработи 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).

mn09 mn19 mn07

Сподели на Facebook
пати видено