Ве предупредуваме за жестока содржина!
Бренда Баратини (26) е обвинета затоа што му скратила дури 90% од машкоста на Серџо Фернандез (40), додека уште биле во врска во ноември 2017 година. Делото го извршила со огромните ножици за жива ограда и тоа додека нејзиниот дечко спиел и го оставила целиот во крв.

Инцидентот се случил во аргентинскиот град Кордоба. Сега девојката се наоѓа во притвор, а за новинарите ја даде следнава изјава:
„Не му го пресеков цел, само сакав да го повредам. Избегав од местото затоа што се плашам од крв. Но, отидов да побарам помош.“

Баратини рече дека г-динот Фернандез ги повредил нејзините чувства кога, наводно, им ги пуштил интимните видео снимки на неговите пријатели.

Фелипе Труко, еден од адвокатите на осакатениот човек, изјави дека неговиот клиент сé уште има потреба од повеќе операции за да се опорави од шокантната повреда, но не објасни дали сега осакатениот човек има пенис или нема.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено