Смртта на актерка заболена од рак предизвика дебата во Кина во врска со тоа дали традиционалната кинеска медицина е шарлатанство. На 26-годишната Ксу Тинг и била дијагностицирана форма на лимфома во јули и минатата недела подлегна на болеста. Девојката нарочно избрала да не се подложува на хемотерапија, и наместо тоа одела на акупунктура, пуштање крв и сл. наведувајќи многумина дали овие терапии придонеле за нејзината смрт или не.
„Знам дека хемотерапијата е екстремно болна и може да предизвика порано да умрам. Така, без разлика колку ќе живеам, сакам секон ден од животот кој ми преостанува да го поминам среќно“, напишала Ксу на својот профил а Веибо, кинеска верзија на Твитер.
Но, среде август, нејзиното здравје почнало да се влошува. Нејзината сестра Ксу Дандан вели дека тераптевтот кој ѝ давал традиционални кинески третмани се покажал како измамник. Ксу починала на 7 септември во 16:20 часот.